„Жената која ги избриша своите солзи“ на Теона Стругар Митевска на Берлински филмски фестивал

Скопје, 4 јануари 2012 (МИА) - Македонскиот филм „Жената која ги избриша своите солзи“ на Теона Стругар Митевска ќе има светска премиера на претстојниот престижен Берлински филмски фестивал во селекцијата Панорама специјал.

- Ќе ни биде голема чест што „Жената која ги избриша своите солзи“ ќе биде таму. Во оваа селекција одат поголеми авторски имиња. Премиерата ќе ја имаме во една од најголемите киносали во Берлин. На денот на премиерата ќе имаме и прес-конференција, рече Лабина Митевска на денешниот прес во Филмскиот фонд на Република Македонија.

Досегашните реакции на луѓето кои го имаат видено филмот, потенцира Митевска се одлични, позитивни, се осврнуваат на извонредната режија, на визуелниот аспект на филмот и на одличната глума.

- Според мене, ова е најдобар филм на Теона досега. И ве уверувам дека имаме одличен филм со кој Македонија ќе биде најдобро претставена во Берлин, со помош на македонскиот Филмски фонд и дека ќе бидеме горди таму, рече Митевска.

Таа истакна дека последниве неколку години се дадени големи средства на повеќе автори и оти има подем во македонската кинематографија.

- Мораме да сме присутни на трите најголеми и најзначајни фестивали, во Кан, Берлин и Венеција. Тоа е е единствен начин по кој мораме да одиме и не смееме да допуштиме инцидентно да не има на фестивали. Ако сакаме Македонија да има препознатлива кинематографија, мора да е во континуитет, рече Митевска.

Во „Жената која ги избриша своите солзи“ се зборува за две жени од различни општества, Македонија и Франција, кои ќе се спојат под чудни околности. Главната улога ја толкува Викториа Абрил, а Лабина Митевска ја игра Ајсу. Од Франција доаѓаат Жан и Мари Калеи и Арбен Бајрактарај, а од Словенија Петар Мусевски. Во филмот играат Фирдаус Неби, Петар Горко, Жаклина Стевковска - Дрнашин, Маја Вељковиќ, Рујиш Беговска, Темер Ибрахим, Береда Решхит. Во филмот се зборува на македонски, француски и турски јазик.

Снимањето на филмот почна во Македонија. Првите 27 дена снимањето се одвиваше на повеќе локации во Македонија, главно во околината на Радовиш, кај Бучим, во пределите на Јасен и во Скопје. Преостанатите 12 дена се снимаше во Вајмар, Германија. Снимањето на филмот заврши во мај 2011 година.

Постпродукцијата се одвиваше во Германија, Белгија, Словенија и Србија. Монтажер на филмот е британецот Николас Гастер.

„Сестри и брат Митевски продукција“ е главен продуцент на филмот, кој е копродукција меѓу Македонија, Словенија, Белгија и Германија. Финансиската поддршка, во вкупен износ од 1.930.000 евра, покрај доминатниот удел на средства доделени од Филмскиот фонд на Република Македонија, доаѓа од филмските фондови на Словенија, Белгија, германскиот МДМ, како и Еуроимаж. Како извршни продуценти се појавуваат Луминари Продукција од Македонија, претставувани од Ана Јорданова. Сценографијата е на Вук Митевски, костимографијата е на Моника Ломбер.

Диструбуцијата на филмот во Македонија ќе ја води Манаки филм.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...