Евакуирани 24 лица од ски центарот „Кожуф“

Гевгелија, 10 јануари 2012 (МИА) - Од ски центарот „Кожуф“ досега се транспортирани 24 лица со специјални возила ратраци до месноста Смрдлива вода, каде поради отсеченоста на патиштата со снежни наноси и до пет метри, беа заглавени 60 туристи.  Во текот на денот треба да се транспортираат уште 25 лица, а на Кожув до крајот на закупениот аранжман остануваат четири семејства, или вкупно 10 лица.

- Од вчера патот е пробиен со нашите три специјални возила ратраци, а расчистен со возила со плуг. Но засега тој е прооден само за специјално опремени возила, а непрооден за автомобили. Затоа на трошок на ски центарот „Кожуф“ на оние на кои им истече аранжманот им обезбедивме превоз до Смрдлива вода, и платен превоз до местото на живеење. Воедно, на наш трошок ќе им ги префрлиме нивните возила исто така до Смрдлива вода, вели извршниот директор на Ски центарот Ангел Наков. 

Во населбата моментно престојуваат уште 45 лица, македонски гости од Скопје и Битола. На оние на кои им измина аранжманот за сместување Ски центарот им обезбеди бесплатен престој и храна.

- Во редовен контакт сме со единицата на АРМ која понуди хеликоптер, но немаше никакви здравствени итни проблеми за туристите на Кожуф, поради што се одложени таквите летови, изјави Наков.

На Кожув сеуште врне снег и нема услови за скијање. Во населбата има три метри снег, а на скијачката патека до четири метри. Сите возила на центарот и понатаму се на терен и продолжуваат со работа, за обезбедување проодност на делницата кон Смрдлива вода во должина од 15 километри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...