Краткиот филм „Бардо“ на Берлинале

Скопје, 12 јануари 2012 (МИА) - Краткиот игран филм „Бардо“ - дипломски труд на режисерката Марија Апчевска ќе биде прикажан во програмата Џенерејшн (Generation) на претстојниот, 62. Берлински филмски фестивал.

Филмот влезе во официјална селекција на оваа програма која е едукативна и наменета за деца до 14 години и во која се прикажуваат филмови на млади автори. Во конкуренција се меѓу 25 и 35 филмови. На најдобрите краток и игран филм во „Џенерејшн“ им се доделува награда „Кристална мечка“.

Режисерката Апчевска дипломирала на ФДУ во последната генерација студенти во класата на Столе Попов. Таа е и авторка на сценариото, заедно со Катерина Момева, асистент на ФДУ.  На прес-конференција денеска во Филмскиот фонд на РМ Апчевска  рече дека е среќна што со својот прв професионален филм успеала да стигне на Берлиналето кое, рече таа, е сон на сите автори. Нејзиниот филм во Берлин ќе има најмалку пет проекции.

Филмот трае 14 минути, снимен е минатото лето во Скопје и прикажува детски поглед на светот, перцеприран од девојче чиј лик го игра  осумгодишната Марија Благоевска. Филмот е визуелно обработен и нема многу реплики.

Режисерката го отрки и значењето на насловот на филмот. - Бардо е тибетски збор кој значи состојба помеѓу. Во филмот тоа е состојба помеѓу животот и смртта, меѓу светот на детето и на возрасниот... една фина асоцијација што не се погодува од прва и побудува интерес, рече Апчевска.

Директор на фотографија е Влатко Самоиловски, кому овој проект му го предложил режисерот и професор на Апчевска Столе Попов.  - Успехот што стигна во Берлин го потврдува нејзиниот квалитет, рече Самоиловски, кој на новинарско прашање одговори дека без оглед на искуството на режисерот и на соработниците секогаш има ист пристап. Тој е  кинематографер и на краткиот „Вета“ со кој Теона Митевска беше на Берлинале во 2001.

На Берлинскиот филмски фестивал, кој ќе се одржува од 9-ти до 19 февруари, Македонија учествува со уште два кандидата поддржани од Филмскиот фонд - во фестивалската програма „Панорама“ ќе бидат прикажани  „Жената која ги избриша своите солзи“ на Теона Стругар Митевска и македонско-српската копродукција „Парада“ на Срѓан Драгоевиќ. На маркетот на Берлиналето ќе биде претставен „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски.

Директорот на Филмски фонд Дарко Башески потсети дека Македонија оваа година има и два кандидата за престижниот „Оскар“ во категоријата филмови од неанглиско говорно подрачје - „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски и „Како да ме нема“ на ирската режисерка Хуанита Вилсон, кој има поддршка од Фондот и во кој главната улога ја игра Наташа Петровиќ. Американската филмска академија ќе ги објави номинациите на 24-ти месецов.

Башески е задоволен од филмската продукција во Македонија во изминатите четири години колку што постои Фондот. Биле снимени 52 филма (по 16 играни и кратки, 18 документарни и два анимирани) што статитистички, рече тој, е исто колку што биле продуцирани од осамостијувањето во 1991 до 2008 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...