понеделник, 06.02.2012

IDIVIDI Мени

Нема аргумент Македонија да се држи надвор од НАТО

Скопје, 6 јануари 2012 (МИА) - Македонија ги исполни критериумите за членство во НАТО, но останува блокадата од Грција поради спорот за името. Самитот во Чикаго нема да го има во фокус проширувањето, туку безбедносните предизвици во Авганистан и повлекувањето од оваа земја. До Самитот и потоа напорите на Македонија ќе бидат насочени во објаснување дека нема ниту еден разумен аргумент земјата да се држи надвор од Алијансата, истакнуваат во македонското Министерството за надворешни работи.

Целта, посочуваат, е добивање на она што го заслужуваме - столче во НАТО и во тој контекст да бидат презентирани сите можни аргументи кои треба да бидат земени предвид во процесот на носење одлуки. Во тој контекст се посочуваат учеството на Македонија во ИСАФ како петта земја контрибутор во таа мисија и партиципирањето во А5 - групата која ја предводат САД. Во прилог на ваквите тврдења е и тоа што велат, членството во Алијансата нема да биде само придобивка за Македонија, туку и за НАТО во однос на затворање на безбедносните предизвици во регионот. Аспект кој треба да се земе предвиде е и тоа дека САД имаат многу инвестирано досега за земјите во регионот од увозник да станат извозници на безбедност.

Во однос на можноста Македонија, сепак, да се најде на дневен ред на Самитот во Чикаго со евентуално ангажирање на неколку членки на Северноатлантскиот пакт, од МНР посочуваат дека од 28 членки 27 земји членки се апсолутно сигурни дека треба да влеземе веднаш во Алијансата, но оти треба да се има предвид и механизмот на одлучување во тој клуб, а тоа добивањето и на согласност од Грција.

Со оглед на однесувањето на Атина, извесно е дека Грција не ја идентификува пресудата од Хаг како можност за поттикнување на дијалогот, туку оди на одолговлекување и недостаток од суштински дијалог. Дополнителен фактор, кој се користи од грчка страна е фокусираноста на решавање на должничката криза. Се оценува и дека добра можност ќе биде доколку посредникот во спорот за името Метју Нимиц наскоро ги посети двете земји за динамизирање на разговорите.  

Навистина нема ниту еден разумен аргумент, нема никаков резон, ниту политички, ниту безбедносен ниту на билатерално ниво за да се продолжи со опструирање на нешто што е и правно илегално и политички нема никаква придобивка и од аспект на Грција и од аспект на Алијансата, оценуваат од МНР.

Се посочува и на нарушувањето на практиката воспоставена со Времената спогодба на самитот во Букурешт, а која беше и причина за покренување на тужбата во Хаг. Со прекршувањето од грчка страна, кое е констатирано од Судот во Хаг, новиот елемент е дека одлуката во Букурешт била донесена во контекст во кој една земја членка нарушила меѓународна правна рамка. Практично, од правен аспект, Грција својата обврска која произлегува од Времената спогодба не ја испочитувала.  

За ЕУ  очекуваат дека со пристапниот дијалог на високо ниво земјата и понатаму ќе продолжи да испорачува резултати во однос на приоритетните области. Целта останува добивање датум за преговори што е можно поскоро, што е во интерес и на ЕК.

Во контекст на претстојното претседавање со Процесот за соработка со земјите од ЈИЕ кое Македонија треба да го преземе во јуни, годинава, најавено е дека активностите ќе бидат насочени кон преземање на практични чекори преку формирање на таканаречен економски совет на мудреци во рамки на оваа инаку најстара иницијатива за соработка во регионот.



Наjновo од Вести
Нема аргумент Македонија да се држи надвор од НАТО
ДЗС: Во декември 2011 година издадени 256 одобренија за градење
Се затвора сајтот „Бит Торент“ заради пиратерија
Дел од пратеничките групи доставија забелешки за Етичкиот кодекс, за ДПА тоа не е приоритет
Меркел: Нема нова помош за Грција доколку не постигне спогодба со „тројката“
Даунинг стрит 10 ги обвини Русија и Кина поради ветото за Срија во Советот за безбедност
Брејвик не прифаќа да биде во затвор
Приведен скопјанец сторител на седум кривични дела
На Кожуф нови 35 сантиметри снег
Снегот го отежнува патничкиот, железничкиот и авионскиот сообраќај
Здружението на слепи од Кичево ќе се вклучи во проектот „Со нас заедно со вас“
Во Куманово патиштата проодни, започна чистењето на снегот во Старо Нагоричане
Во сите училишта во Тетово ќе нема настава до петок
Членови на Сојуз на слепи незадоволни од раководството
  IDIVIDI Сервиси
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи