Сообраќајот отежнат, откажани автобуски и железнички линии

Скопје, 13 февруари 2012 (МИА) - Снегот го ограничи движењето за сите видови возила на одредени патни правци и превои, а има откажувања на линии во автобускиот и во железничкиот превоз. Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје е отворен за сообраќај.

Поради наносите од снег забрана за движење на секаков вид возила има на патните правци Маврово – Дебар, село Маврово - Никифорово - Леуново, крак Маврово, Дебар - Струга, како и на планинскиот превој Пресека, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Укината е забраната за тешки товарни возила на Плетвар, а и понатаму не е дозволено  движење за таков вид возила на превоите Стража, Ѓавато, Буково, патниот правец  Струга –  граничен премин Ќафасан, Дебар – Струга, Крива Паланка –  граничен премин Деве Баир и Тетово – Попова Шапка. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана и за автобуси.  

Поради непроодноста на патиштата откажано е сообраќањето на дел од автобуските линии од Западна Македонија. Не сообраќаат сите автобуси од Струга, Ростуше, Деб и дел од линиите од Охрид. Останатите тргнуваат и пристигаат со доцнења од најмалку половина час. Засега редовно сообраќаат автобусите од Источна Македонија, но со доцнења од околу половина час, потврдуваат од Меѓуградската автобуска станица во Скопје.

Снегот го отежна и ограничи и железничкиот сообраќај. Според службите за информирање во Железничката станица во Скопје, откажано е сообраќањето на возот на релацијата Скопје - Кичево што требаше да тргне во осум часот изутринава. Засега нема откажано движење на меѓународни возови, но на сите релации возовите доцнат од 40 минути до еден час.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во државата се одвива отежнато и забавено поради снежните врнежи.

АМСМ на возачите им препорачува крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.

Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања. Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата трае до 15 март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...