„Охридско лето“ одново без селектори

Охрид, 20 февруари 2012 (МИА) – Новоименуваните селектори на драмската и музичката содржина на фестивалот „Охридско лето“ само пет дена од нивното назначување решија да се повлечат од функцијата.

Својата одлука писмено до управата на Фестивалот ја испратил актерот и режисер Горан Стојаноски, кој воедно е и актуелен раководител на Охридскиот народен театар, во која образложува дека неговите обврски кон театарот се големи и оттаму нема да биде во состојба целосно да одговори на обврските што ги носи новата функција. Притоа тој нагласува дека истовремен ангажман на двете функции само негативно би влијаел врз квалитетот на работата и понудата на двете институции.

Сличен е и ставот и на Маја Чанаќевиќ, која беше назначена за музички селектор на најреномираната фестивалска манифестација во земјата. Чанаќиевиќ е се уште актуелен директор на Македонската филхармонија.

Селекторите на фестивалот по статут ги назначува директорот на установата, каде засега нема коментар за најновите случувања, што негативно можат да се одразат врз подготовките за претстојното фестивалско издание, оттаму што во моментов „Охридско лето“ е без драмски и музички селектор.

Од Министерството за култура со став дека и Македонската филхармонија и охридскиот Народен театар се сериозни институции што изискуваат постојан ангажман од раководните лица.

- Согласно тоа не е возможно исти лица да бидат уметнички селектори на фестивал како што е „Охридско лето“ и истовремено да менаџираат со институциите каде се директори, потенцираат од Министерството за култура. Оттаму информираат дека денескa до нив стигнале и писмените одлуки на Стојаноски и Чанаќевиќ дека се повлекуваат од извршувањето на функцијата уметнички селектори на фестивалот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...