Почетокот на преговорите да е главна цел

Скопје, 21 февруари 2012 (МИА) – Дијалогот на високо ниво кој почнува во март претставува можност која треба да се искористи ефикасно и во целост, но добивањето датум за почнување на преговорите треба да остане главна цел за македонската Влада, порачаа во Скопје претставниците на групата „Пријатели на Македонија“ во Европскиот парламент предводени од известувачот за Македонија Ричард Ховит на заедничката прес- конференција со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

- Во ЕП има јасен проевропски дух кога е во прашање Македонија,  истакна словенечкиот европратеник Алојз Петерле, додавајќи дека му е познато, како што рече, непријатното чувство да се биде долго во чекалната за влез  во ЕУ.

Тој порача дека дијалогот на високо ниво ќе биде додадена вредност на патот на Македонија кон членството во ЕУ.

Словачкиот европарламентарец Едуард Кукан потенцира дека дијалогот е добра новост која треба ефикасно да се искористи. Според него, Македонија има повеќе пријатели во Европарламентот отколку што мисли.

- Добивањето датум за отпочнување пристапни преговори треба да остане главна цел за вашата Влада. Не знам колку ќе трае тоа, но во меѓувреме треба целосно да се искористи дијалогот на високо ниво, посочи Кукан.

Известувачот Ховит се осврна на Нацрт-резолуцијата за Македонија која треба да се гласа во март и во која, како што вели, јасно стои дека Европарламентот го поддржува неодложното започнување на преговорите за пристапување на Македонија во Унијата.

- Во Резолуцијата јасно стои дека Македонија треба да почне преговори за членство без натамошно одложување и оти треба да се користи придавката македонски во однос на јазикот, идентитетот, културата. Како група пријатели сметаме дека критиките кои се внесени во таа Нацрт-резолуција се пријателски  и се насочени кон побрзо интегрирање на Македонија, а со тоа подобрување на животот на нејзините граѓани, рече Ховит.

Министерот Попоски очекува препораката за почеток на преговорите со ЕУ Европскиот парламент да ја повтори и оваа година во рамки на резолуцијата која ќе биде усвоена.

- Сметаме дека тоа ќе биде една додадена вредност за нашиот евроинтеграциски процес и од аспект  на ЕП ќе се зголеми видливоста о подготвеноста на Република Македонија. Значајно е од наш аспект и тоа што ЕП го забележува сензибилитетот кој постои во Република Македонија околу употребата на придавката македонски. Сметаме дека практиката ќе се води од оние демократски принципи кои се воспоставени во ЕУ, рече Попоски кој очекува да бидат искористени и искуствата на Словенија и Словачка на патот кон евроинтеграциите како дополнителна енергија за наше побрзо напредување на овој пат.

Европратениците од групата „Пријатели на Македонија“ денеска ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а ќе се обратат и на заедничката седница на собраниските комисии за надворешни прашања, за европски интеграции, Мешовитиот парламентарен комитет РМ – ЕУ и Националниот совет за евроинтеграции.

Вчера делегацијата пратеници оствари средба со вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...