Екстрадиран српскиот криминалец

Скопје, 22 февруари 2012 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вчера го приведе српскиот државјанин Милош Радисављевиќ со прекар Кими, роден на 21.09.1983 година во Белград.

Радисављевиќ  е приведен вчера околу 14 часот, во кафуле на улица „Ленинова“ од страна на припадници на мобилната „Алфа“ единица, врз основа на распишана меѓународна потерница од Министерството за внатрешни работи на Република Србија. Меѓународната потерница по Радисављевиќ, од страна на Интерпол Белград е распишана на 20.02.2012 – еден ден пред неговото апсење.

Во Македонија, соопшти денеска МВР, Радисављевиќ влегол легално во јули 2011 година, на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, но не го регулирал својот претстој во земјава.

По итна постапка, се наведува во соопштението, тој беше изведен пред надлежен судија, а од страна на судијата за прекршоци му е изречена парична казна и забрана за влез во Македонија во траење од 5 години. Со полициска придружба, околу 19 часот, Радисављевиќ беше транспортиран до граничниот премин „Табановце“, каде им беше предаден на српските власти.

Српските органи на прогонот, според податоците добиени преку Интерпол, Радисављевиќ го бараат за повеќе дела како: „вандализам“, „оштетување“, „грабеж“ и „хулиганство“.

Во потерницата е наведено дека на 17/18.03.2004 од 22,30 часот до раните утрински часови во Белград, на улица Господар Јеремова, во предниот дел на џамијата Бајракли, заедно со голем број соучесници, Кими запалил оган во џамијата, со што била нанесена голема материјална. Во исто време, групата уништила едно полициско и четири возила во сопственост на Исламската верска заедница,  уништен бил и подвижен имот кој се наоѓал во внатрешноста на џамијата. Тие, украле и 50,000.00 евра од Сефот. Спомнатата  група, заедно со голема група демонстранти се собрале пред џамијата со цел да протестираат против насилство извршено од страна на Албанците против Србите во Косово.

Во вториот случај е наведено дека на 16.12.2009 меѓу 21 часот и 22,45 часот, во Белград, на улица Хумска бр.1  за време на фудбалскиот натпревар  „Партизан" против „Шахтјор", додека другите навивачи на јужниот дел од стадионот извикувале навредливи пораки до новинарката на Б92 -  Бранкица Станковиќ, асоцирајки на Славко Чурувија, новинар кој бил убиен, тој удирал гумена кукла која ја симболизирала жртвата, и потоа ја фрлил куклата на другите навивачи. Радисављевиќ овие закани ги упатил кон новинарката за време на емитувањето на програмата наречена „инсајдер" на телевизискиот канал Б92, каде жртвата како новинар презентирала и анализирала незаконско однесување на навивачки групи на различни спортски клубови, вклучувајќи ги и навивачите на фудбалскиот клуб „Партизан".

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...