Клеветата дикриминализирана

Скопје, 24 февруари 2012 (МИА) - Владата и Здружението на новинарите на Македонија денеска постигнаа договор за целосна декриминализација.

Како што објавија на прес-конференција вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи и претседателот на ЗНМ Насер Селмани клеветата и навредата ќе бидат тргнати од Кривичниот законик, а оваа материја ќе се регулира со посебен граѓански закон.

Арифи истакна дека за една недела тие ќе излезат со заокружени одредби во оваа насока.

Декриминализацијата, како што информираат од ЗНМ, значи дека навредата и клеветата нема веќе да биде кривично дело, ќе се укине затворската казна, ќе се воведе каскадна одговорност, се воведува и судска пракса од Стразбур...

Текстот на законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, кој е во подготовка, меѓу другото ќе содржи и одредби за клевета и навреда и висината за казните за евентуално осудените новинари и уредници. Висината на казната, според ставовите на ЗНМ, треба да се одредува во зависност од платата на новинарот, условите под кои работи, ефектот што спорниот напис го постигнал, медиумот каде што работи... Новинарите бараат каскадна одговорност што значи за објавениот текст да не одговара само новинарот, туку и уредникот и во одредени случаи редакцијата.

Од ЗНМ информираат дека е постигнат договор во однос на редефинирање на клеветата. Во нацрт-документот сега клеветата се дефинира како „изнесување на невистинити факти“ додека во се уште актуелниот член во Кривичниот законик гласеше „изнесување на невистинити нешта“. Ставовите допрва ќе се усогласуваат во однос на дефинирањето на навредата и висината на казните. Се уште нема временска рамка за донесување на овој закон, но во моментот кога законот ќе стапи во сила ќе запрат сите активни тужби и судски предмети на новинари. Во моментов активни се 167 тужби за новинари.

Од ЗНМ, сепак, укажуваат дека новинарите и медиумите треба да ги почитуваат професионалните стандарди за работа.

На денешната средба во Владата покрај вицепремиерката Арифи присуствуваа и министрите за внатрешни работи, за транспорт и врски, за правда, за информатичко општество и администрација, за труд и социјална политика, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Блерим Беџети, Иво Ивановски, Спиро Ристовски и претставници на Здружението на новинарите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...