ЕП ја усвои резолуцијата за Македонија

Европскиот парламент со огромно мнозинство гласови ја усвои резолуцијата за напредокот на Република Македонија во 2011 година, во која уште еднаш европратениците бараат од Европскиот совет да утврди, во најкраток рок, датум за почеток на преговори за прием на Македонија. Во неа се подвлекува и важноста да се поддржат напорите во процесот на европската интеграција на земјата.

Европратениците ги прифатија трите амандамани на известувачот Ричард Ховит, со кои се додава нов параграф во Резолуцијата, при што се нагласува дека „отворањето на дијалогот на високо ниво меѓу Комисијата и Македонија на 15 март 2012, претставува чекор напред во процесот на членството на земјата во Унијата“.

Оценувајќи дека „дијалогот ќе дозволи создавање нови ангажирања во корист на реформите и зајакнување на меѓусебните односи во рамките на семестралните политички состаноци“, Ховит го дополнува и текстот со настанатите промени, како околу значењето на перспективите за членството во НАТО и ЕУ. Покрај самитот на НАТО во мај 2012, го споменува и Советот на ЕУ во мај 2012, наместо претходно наведениот во март годинава. Тие, според Ховит, „се значајни прилики за да се напредне.“ Резолуцијата ја актуелизира и најавата на македонската Влада за декриминализацијата на клеветата.

Истовремено се отфрлени амандманите на грчкиот европратеник Николаос Салавракос, поддржан од литванецот Роландас Паксас, со кои се бараше бришење од резолуцијата на терминот „македонски“, како и поздравувањето на успехот на македонските кошаркари на европското првенство.

Исто така е отфрлен и амандманот на „зелените“ со мало мнозинство во кој се поздравуваше предлогот на грчката влада за сложено име за Македонија, со географска одредница. Овај предлог, според предлагачите, беше добра основа за компромис, но под услов да не бидат ставени во прашање македонскиот национален идентитет, јазикот и културата.

Конечниот текст на резолуцијата усвоена денеска, споредена со првата верзија предложена од Ричар Ховит, е многу подолг. Наместо на првичните десет страници, таа сега се наоѓа на петнаесет страници, односно има над дваесетина нови точки во кои се опфатени шеесетината амандмански промени за време на комисиската расправа во јануари.

На прв поглед резолуцијата не променува ништо суштински: Европскиот парламент го повторува повикот до Советот на ЕУ, за да утврди во најкраток рок датум за почеток на преговори за прием на Македонија. Се подвлекува и важноста да се поддржат напорите во процесот на европската интеграција на земјата, за што европратениците предлагаат да се премине во нова етапа, со започнување на процесот на хармонизација на (македонското) законодавство со европското и спроведување на втората фаза од процесот за стабилизација и асоцијација.

Во резолуцијата се забележува дека одлуката на Советот да не ги следи препораките на Комисијата и Парламентот за почеток на преговорите, „предизвика легитимна фрустрација и незадоволство во јавното мислење на земјата“.

Иако во резолуцијата на Ховит останува жалењето поради изоставувањето на изразот „македонски“ во извештаите Европската комисија за напредокот од 2009 па наваму, ова и покрај тоа што употребата на овој термин е нормативен во ООН за јазикот, културата и идентитетот. Сепак, овој термин во резолуцијата е искористен само еднаш, токму кога се зборува за неговото изоставување.

Европарламентот смета дека билатералните проблеми не треба да бидат користени ниту за спречување на процесот за членство, ниту како пречка за напредок во него. Тие бараат конструктувен дух, во нивното решавање колку што е можно порано со земање предвид на интересите и вредностите на ЕУ глобално. Во случајот на Македонија се смета дека не треба да се остави земјата назад зад другите земји кандидати.

Во новиот текст се повикуваат властите и медиумите да работат на создавање позитивна атмосфера, која ќе помогне во развивање на добрососедските односи и обесхрабрување на говорот на омраза.

Изразена е и загриженост околу тенденциите на земјата да го промовира својот сопствен етнички и културен идентитет на сметка на соседните земји. Тука очигледно се видливи напорите на дел од грчките и бугарските европратеници да се вметнат овие забелешки, исто како и барањето за заедничко изучување на историјата, што иницијално не стоеше во првата верзија на текстот на Ховит.

Во новиот текст е појасен повикот за вклучување на ЕУ во олеснувањето на изнаоѓањето решение за спорот со името, кој во Стразбур се покажува како главна пречка за напредокот во евроинтегративните процеси на земјата. А јасно е нагласено и барањето да се работи според моделот како се решава спорот меѓу Словенија и Хрватска.

Во текстот усвоен денеска на пленарната сесија се заоструваат критиките и се даваат нови совети за борбата против корупцијата, во која се бара, на пример, поголема заштита на тие кои ја откриваат.

Во областа на образованието се бара поефикасен третман на сегрегацијата, а продлабочени се и критиките во областа на медиумите, при што се бара гарантирање и почитување на нивните права и слободи, со цел да се зачува позитивната препорака на Комисијата.

Се забележува дека е постигнат ограничен напредок во еднаквоста меѓу жените и мажите, а проширен е и делот посветен на борбата против дискриминацијата. Во овој дел посебно е опфатена ситуацијата на ромското малцинство, а се бара да се отстранат и изменат учебниците во кои за хомосексуалноста се пишува како за болест.

Европратениците сметаат дека во Македонија треба да се зајакне трудовото и синдикалното право.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...