Нова противпожарна станица во Македонска Каменица за подобро управување со ризици од катастрофи

Македонска Каменица, 22 март 2012 (МИА) - Во Македонска Каменица утре ќе се одбележи започнувањето на изградба на новата противпожарна станица, во присутво на претставници од владата, општината и УНДП.

Новата станица, заедно со тренингот и едукацијата, ќе и помогне на општината успешно да се справи со пожарите – потенцијално сериозен проблем со оглед на шумските предели на територијата на општината.

Се очекува градежните работи да бидат целосно завршени до јуни годинава, пред почетокот на летото.

Општината издвои 70 проценти од средствата за проектот вреден 100.000 американски долари, а остатокот е обезбеден од страна на УНДП.

- Преку заедничкото финансирање на мерките за намалување на ризиците од катастрофи, општината помага да се обезбеди побезбедна иднина на сите граѓани. Македонска Каменица инвестира денес, за посигурно утре, вели заменикот на постојаниот претставник на УНДП, Алесандро Фракасети.

Оваа активност е дел од три годишниот проект „Намалување на ризиците од катастрофи и климатските ризици“, кој се спроведува заеднички од страна на Центарот за управување со кризи и УНДП.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...