Кого Уставниот суд го спаси од лустрација

Скопје, 28 март 2012 (МИА) - Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница укина 12 члена од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, односно за лустрацијата, донесен 2008 и два пати дополнуван во 2009 и во 2011 година.

Лустрацијата се укинува за поранешни функционери, новинари, членови на организации, адвокати и медијатори.

Уставниот суд за оспорените одредби од Законот за лустрација поведе постапка во јануари годинава.

Една од причините поради кои се укинати членовите е временското важење на Законот за лустрација. Според Судот, законодавецот непрецизно го определил времето и со тоа ја оставил можноста временскиот опфат да се протега до денот на примената на Законот, односно десет години по формирањето на Комисијата за лустрација.

Втора причина за укинувањето на членовите е опфатот на субјектите на кои се однесува Законот. Во врска со поранешни носители на јавни функции, доколку не се кандидати или актуелни функционери, им се нарушува интегритетот и достоинството кои се уставна категорија.

Во однос на Здруженијата и Фондациите, според судиите, се нарушува членот 20 од Уставот со кој се гарантира слободата на здружување, а во врска со новинарите, уредниците, основачите на медиуми, адвокатите и медијаторите, се навлегува во нивниот углед и чест. Судот ги укина овие одредби, со што тие од 25 јануари годинава веќе не важат, но нема да се однесуваат на лицата кои пред времената мерка влегле во процесот на лустрација.

Според судиите, укинатите членови ги повредуваат моралниот интегритет и достоинството и не се во согласност со уставното начело за владеење на правото и еднаквост на граѓаните.

Денешната одлука е донесена со мнозинство на гласови од судиите на Уставен суд.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ неодамна најави целосно нов закон за лустрација кој предвидува јавно објавување на имињата на кодошите и на доказите за нивната соработка со безбедносните служби во периодот од 1944 до 2006 година. Со него се предвидува и проширување на листата на граѓаните кои ќе треба да го поминат лустрациското сито. Ќе се проверува и дали соработници на тајните служби биле и лицата кои стекнале капитал во процесот на приватизацијата на претпријатијата со општествен капитал, како и новинарите во печатени и приватни медиуми и верски службеници, за кои Уставниот суд реши дека не треба да се лустрираат.

Новина ќе биде и тоа што, доколку предлогот на законот биде усвоен, секој граѓанин ќе може да бара да се изврши проверка дали некој друг граѓанин бил соработник на тајните служби.

Уставниот суд покрај Законот за лустрација денеска расправаше и за одредби од Законот за работни односи, од Законот за градење, од Законот за суперивизја на осигурување, од Законот за извршување, од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, од Законот за парнична постапка и од Законот за јавна чистота.

Судот го поништи членот 16 од измените на Закон за јавна чистота од 2010 година, кој предвидуваше започнатите прекршочни постапки во врска со јавната чистота пред да влезат во сила измените на Законот да продолжат да се водат според одредбите од новиот Закон за јавна чистота.  Поништувањето е бидејќи одредбата има повратно дејство, односно се однесува на ситуации кои настанале пред новодонесените законски правила па неможе новите правила да се однесуваат на состојби кои воопшто не ги знаеле новите правила.

Судот поведе постапка за два члена од Закон за супервизија на осигурување, донесен 2002 година и девет пати изменуван до денес. Во прашање се член 134-в и член 138 со кои се предвидува услов за добивање на лиценца за стапување во осигурување, покрај другото на кандидатот да не му е изречена казна затвор за определени кривични дела или да не му е изречена забрана за вршење професија дејност или должност.

Постапката е поведена бидејќи граѓаните можат да трпат последици  од одредени недозволени дејствија само врз основа на правосилна судска пресуда и во рамката определена со пресудата, а не и надвор од неа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...