Македонија втора година ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со аутизам

Скопје, 30 март 2012 (МИА) - Светскиот ден на лицата со аутизам - 2  април Македонија ќе го одбележи по вторпат. Централната манифестација ќе се одржи во понеделник на  плоштадот Македонија, а во недела ќе се одржи хуманитарен турнир во мал фудбал во ОУ „11 Октомври“, а предвидена е и прошетка за децата со аутизам во Зоолошката градина во Скопје, каде ќе се отвори ново живеалишта за мајмуните.

Будење на јавната свест во Македонија за постоење на аутизмот е целта на одбележувањето на овој ден во земјава.

- По повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со аутизам - 2 април оваа година ја продолжуваме традицијата и дојдовме до идеја да организираме една спортско забавна манифестација со која на сите оние што сакаат да го прошират своето познавање, но и да ја реализираат својата хуманост и да придонесат за подобрување на општата состојба на лицата со аутизам и нивните семејства, ќе им овозможиме да се запознаат со основните карактеристики на аутизмот и неговата состојба во земјава, посочуваат од Македонското научно здружение за аутизам, кој е еден од организаторите на фудбалскиот турнир во салата „Македонско сонце“.

Целта, како што посочи на прес-конференција денеска претседателот на Македонското научно здружение за аутизам, Владимир Трајковски, е да се подигне јавната свест во Македонија за овој горлив социо-медицински проблем кој го тишти секое општество, а посебно нашето како релативно сиромашно, бидејќи во светот се одвојуваат огромни средства, а кај нас многу малку.

Тој додаде дека целта на одбележувањето на Светскиот ден е да се подобри квалитетот на животот на лицата со аутизам, да се згрижат овие деца, да им се даде рана дијагностика, ран третман, право на едукација, здравствена заштита и друго.

Во Македонија не постои официјален регистар на лица со аутизам, рече Трајковски и додаде дека според податоците на Светската здравствена организација во земјава има 12.240 лица.Бројката покажува дека ситуацијата е сериозна и оти има голема потреба тие да добијат целосна поддршка за вклучување во општеството.  

Како организатор на манифестацијата е и Агенцијата за млади и спорт.

Манифестацијата ќе почне во 11 часот, со официјално отворање, и ќе трае до 15 часот. Ќе се одиграат четири фудбалски натпревари меѓу екипи на Град Скопје, студенти на Институтот за социјална работа и политика, Агенцијата за млади и спорт, поранешни фудбалери, родители на деца со аутизам, членови на Здружението „Во мојот свет“, членови на Македонското научно здружение за аутизам и екипа на Спортско радио 90.3 фм.

Претседателот на МЗНА, Владимир Трајковски на денешната прес-конференција посочи дека очекуваат да бидат присутни меѓу 400 - 500 посетители.  Влезницата, како што рече, нема да се наплатува, со цел да се овозможи поголема посетеност.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски посочи дека тие како институција секогаш се вклучуваат и оти и во иднина ќе поддржуваат и ќе бидат вклучени во хуманитарни акции кои имаат за цел да влијаат на зајакнување на јавната свест во општеството.

На манифестацијата ќе бидат присутни поранешни фудбалери на ФК „Вардар“, меѓу кои и Дарко Панчев, кој на прес-конференцијата рече дека очекува масовна посетеност, а со самиот чин да се испрати јасна порака дека лицата со аутизам во Македонија имаат поддршка и се дел од општеството во Македонија. Панчев посочи дека ова не е првпат да се вклучува во хуманитарна акција заедно со поранешните легенди на ФК „Вардар“.

Централната манифестација за одбележување на Светскиот ден на аутизмот ќе се одржи во понеделник од 17 до 19 часот на плоштадот Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...