Несекојдневна појава во црквата Св. Димитрија - фреските сами се прочистуваат

Скопје, 9 април 2012 (МИА) - Несекојдневна појава се случи вчера на празникот Цветници во скопската црква Свети Великомаченик Димитрија. Фреските во внатрешноста на црквата, на кои со години се таложеше чадот од свеќите што ги палат верниците, почнаа самите се прочистуваат и да ја добиваат својата природна боја.

Прочистувањето почнало од фреската Воведение на пресвета Богородица на влезот црквата, а потоа  и на фреските Вознесение Христово, Оплакување Христово, Св. Апостоли Петар и Павле, Свети Архангел Михаил и на другите фрески.

Природните бои најмногу се враќаат на ореолите над насликаните светци, а исто така и на дел од нивната одежда која е насликана со златната боја.

Црквата вчера ја посети поглаварот на МПЦ Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, како и бројни верници кои сакаат да го видат чудото.

Ваков феномен, како што велат свештениците во Свети Димитрија, е забележан само во Русија во 30-те години од минатиот век, кога во една црква почнале да се враќаат природните бои на фреските и иконите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...