Истрагата сериозно напредува

Скопје, 15 април 2012 (МИА) - Истрагата сериозно напредува, дефиниран е профилот на извршителите, но се уште не нивниот број и идентитет, изјави министерката Гордана Јанкулоска. Рече дека не може да изнесат повеќе детали за профилот на убијците на петтемина кај Смиљковци зашто се уште се обработуваат материјалните докази.

- Колегите кои најдиректно работат на случајот ме информираа дека има сериозен напредок... Профилот го утврдивме, но не би оделе со детали, зашто ни е потребно време да ги провериме материјалните докази собрани на терен. Но и заради комплексноста и заради некои хемиски анализи кои бараат одредено време, истакна Јанкулоска од Оперативниот штаб.

Меѓу материјалните докази е и едно возило за кое, според најдените траги од вештачењето, има индиции дека било на местото на злосторот. Најдено било на десет километри од таму.

Досега на информативен разговор биле над 100 лица, но нема осомничен. Клучни ќе бидат и исказите на семејствата на жртвите кои од разбирливи причини вчера и завчера не биле на распит. Многу им помогнале и ја придвижиле истрагата информациите што ги добиле на бесплатниот телефон 199. Министерката ги охрабрува граѓаните и понатаму да се јавуваат. Најголем дел од нив, рече таа, потвдуваат дел од сценаријата за кои размислува и МВР.

- Не би зборувала за сценаријата со кои јавувањата се совпаднаа, бидејќи нивното јавно елаборирање би ја отежнало истрагата. Меѓутоа, може да се каже дека од нашите сценарија што ги разгледувавме и од јавувањата на граѓаните на телефонот 199 успеавме да отфрлиме дел од тие сценарија и да ги нотираме тие што се најмалку веројатни, рече Јанкулоска. Меѓу најмалку веројатните е дека момчињата можеби биле сведоци на друго кривично дело што му претходело на убиството.

Досега МВР нема повратна информација од службите на соседните земји, кои се спремни за соработка во расчистување на петкратното убиство. Јанкулоска повтори дека е тоа најтешко кривично дело со кое МВР досега се соочило.

Рече и дека состојбата е мирна и оти ноќта поминала без нарушувања на јавниот ред и мир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...