Истрагата оди во добра насока

Скопје, 17 април 2012 (МИА) - Истрагата во врска со петкратното грозоморно убиство оди во добра насока, оцени денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Со оглед на тоа што се работи поголем обем на информации и исклучително тешко и сложено кривично дело, таа апелира за трпение за да може полицијата сериозно да направи анализа и да не се дозволи некоја информација која може да е суштинска да не биде доволно разработена.

Јанкулоска укажа дека полицијата има сериозни информации кои би можеле да значат финално разрешување на случајот, но повтори дека е потребно одредено време. Податоците со кои МВР располага, подвлече, не само што се многубројни, туку се и квалитетни.

- МВР работи 24 часа, мобилизирани се сите служби и буквално не застануваме ниту за миг. Работиме и на се што е поврзано со петкратното убиство како најголем приоритет, но и на сите други околности што на еден или друг начин можат да се доведат во релација со настанот, како и другите случувања кои неминовно се дел од секојдневниот живот, изјави Јанкулоска. Според неа, се разработуваат сите сценарија, и ниту едно за кое нема сериозна потврда дека е надвор од сите претпоставки, не смее да биде отфрлено. Јанкулоска тврди дека на овој случај работат најискусните полициски службеници, затоа што станува збор за најсложениот случај со кој досега во историјата на постоењето на МВР, се соочиле. Предупреди дека МВР нема да коментира детално некои аспекти од истрагата или околности затоа што можно е да наштети на целосно расчистување на случајот.

Таа информира дека се уште не се завршени разговорите со најблиските членови од семејствата на убиените, а причината е нивната општа состојба бидејќи сосема логично, рече, тие се во голем шок и не се во состојба да дадат исказ кој евентуално би можел да и користи на полицијата.

Министерката Јанкулоска информира дека по објавувањето на фотографиите на возилото за кое се смета дека било на местото на настанот и најверојатно  е поврзано со убиството, МВР добило повици од околу четириесетина граѓани на телефонската линија 199. Дел од нив, потенцира таа, се поклопуваат со претпоставките на полицијата и во текот на денешниот ден продолжува анализата на сите информации и нивно ставање во контекст на целосно завршување на истрагата.  Уште еднаш апелираше до граѓаните кои ќе се сетат  на физиономијата на лицата кое го управувало возилото или претходно билe видени во контакт со возилото, местата и други информации, кои можеби, истакна, изгледаат неважни, но кога ќе се стават во контекст со она со што веќе располага полицијата, се од сушитнско значење за истрагата.

Таа не откри од каде и кои информации македонската полиција ги добива, пред се од соседните држави, за конечно разрешување на случајот.

На новинарско прашање во врска со наводните закани од извесна „Армија за ослободување на окупираните албански земји“, Јанкулоска потенцира дека во оваа фаза од истрагата нема да коментира се додека не се види колку е кредибилен изворот од каде што доаѓа односно не се види фактичката содржина.

Одговарајќи на прашањето дали по препорака на МВР денеска училиштата работат со скратено работно време, министерката за внатрешни работи укажа дека полицијата деновиве има интензивна комуникација и со градоначалниците на општините и на Градот Скопје, кои, посочи, вложиле сериозни напори луѓето да добијат релевантни информации и да се негираат шпекулациите кои се појавиле, а дел од нив не се добронамерни и можат да и нанесат штета на истрагата.

- Ценам дека не е лоша одлуката, сепак, сите ние заеднички да напарвиме напор да се смири состојбата и страстите, за да може целосно да се посветиме на истрагата, порача министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...