Има прелиминарни сознанија за сторителите

Скопје, 18 април 2012 (МИА) - Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека има одредени прелиминарни сознанија за сторителите и за мотивот за петкратното убиство кај Смиљковци, но оти во интерес на истрагата засега не можат да бидат објавени.

По денешната средба на полицискиот врв со премиерот Никола Груевски, на која беше реконструиран целиот настан и дискутирани сите аспекти, Јанкулоска ги негира информациите во јавноста дека биле фатени четворица од убијците, оценувајќи ги како злонамерни и тендециозни. Таа истовремено апелираше и на воздржаност и разбирање од сите граѓани и медиуми.

- Имаме одредени прелиминарни сознанија со кои работиме во моментов. Имаме и претпоставки и за бројот на сторителите, но и тоа е еден од податоците кои не би ги споделиле со јавноста во оваа фаза, бидејќи сугерирањето на бројки може да им посочи на сторителите дека сме на вистинската трагата, изјави Јанкулоска по средбата.

Министерката истакна дека се уште се разработуваат сите сценарија и ниту едно помалку веројатно сценарио нема да биде отфрлено. Денеска, како што рече, била направена целосна реконструкција на сето она што се случувало во изминатите денови.

- Повторно ги дискутиравме сите аспекти на грозоморното петкратно убиство и ги анализиравме информациите кои ги добиваме преку разни канали. Апелирам на воздржаност од страна на сите медиумите и го поздравам апелот на ЗНМ за објективно и професионално известување, бидејќи, објавувањето сензационални информации од типот дека сторителите се веќе фатени или дека МВР е само на чекор на нивно откривање, за жал во моментов не се точни, рече Јанкулоска.

Таа побара разбирање од медиумите и граѓаните за сите информации со кои МВР во моментов располага, но не може да ги сподели со јавноста.

- Верувам дека ќе имате разбирање за сите информации кои не сме во можност да ги споделиме со вас заради фазата во која се наоѓа истрагата. Сепак, се работи за најобемната полициска операција и за најсложеното кривично дело со кое МВР се соочува. Токму заради тоа времето кое ни е потребно е нешто што сериозно влијае на квалитетот на истрагата. Подгревањето на очекувањата дека вакво нешто може да се реши веднаш и сега не одат во прилог на истрагата. Ние и понатаму остануваме целосно посветени на случајот и продолжуваме да работиме 24 часа со најдобрите полициски капацитети, најобучените луѓе во МВР и со целосна мобилизација на сите расположливи ресурси се до целосно рачистување на случајот, нагласи Јанкулоска.

Идентитетот на сторителите, како што рече, ќе биде откриен тогаш кога МВР целосно ќе ги има обработено сите информации со кои располага.

- Мал е процентот на целосно обработени информации, па токму за тоа апелирам на трпение и оставање простор на полицијата да ги употреби сите полициски методи кои ги знае за да дојдеме до издржани податоци или информации кои ќе не доведат до сторителите. Идентитетот на сторителите засега го немам, а шпекулациите дека се фатени четворица од убијците ги коментирам како злонамерни, тенденциозни и непрофесионални, рече министерката за внатрешни работи.

Јанкулоска нагласи дека во изминатиот период од мотиви кои за нив се непознати во јавноста биле изнесени податоци кои воопшто не биле поткрепени со докази и кои значат провокација да се изнуди информација што би одела на штета на истрагата.

- Во оваа фаза на истрагата цениме дека објаснување на детали на се она што е ново не би можело да и оди во прилог на истрагата и заради тоа апелирам до сите вас за трпение и за толеранција за времето кое ни е потребно да ја изработиме работата до крај. Обелоденување нови аспекти на доказната постапка може само да ја отежне работата, односно на сторителите да им даде насока по која МВР се движи што е нешто непожелно во овој момент. Наша цел е до крај да останеме транспарентни и сите информации кои сметаме дека нема да и наштетат на истрагата медиумите први ќе ги дознаат, нагласи Јанкулоска.

Кривична пријава за некои од учесниците на завчерашните протести по повод убиството, рече Јанкулоска одговарајќи на новинарски прашања, формално се уште не е поднесена заради обезбедување докази.

- Но, блиску сме до целосна идентификација и прашање е на часови, не на денови, кога ќе ја поднесеме кривичната пријава, бидејќи уште вечерта приведовме 14 учесници во нередите, додаде Јанкулоска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...