Правдата ќе ги стигне сторителите на петмината убиени

Скопје, 19 април 2012 (МИА) - Убиството на петмината кај Смиљковци е грозоморен чин и нема никакво оправдување за сторителите. Неминовно правдата ќе ги стигне. Дали постои доволна казна тоа е друго прашање. Ништо нема да ги врати животите, но наша одговорност и кон семејствата и кон јавноста и кон Република Македонија е да направиме се што е можно сторителите на овој грозоморен чин колку што е можно побрзо да излезат пред лицето на јавноста, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска одговарајќи на прашање на пратеникот Сафет Бишевац.

Пратеникот го праша премиерот Никола Груевски кога ќе ја смени министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, и притоа наведувајќи свои согледувања и теории за настаните околу убиството кај Смилковското езеро, акцијата „Детонатор“ и други настани поврзани со МВР. Груевски одговорот на прашањето и го препушти на Јанкулоска, што е согласно Деловникот за работа на Собранието.  

- Најостро го осудувам вашиот обид за манипулација и политички профит од една ваква трагедија. Граѓаните се доволно свесни за да може да оценат кој ја потпалува ситуацијата, а кој работи на смирување на тензиите кои се појавија во последниве денови, му одговори министерката.  Јанкулоска рече дека очекувала Бишевац да даде позитивна димензија во смисла на смирување на сите тензии што се случија деновиве и оти како поранешен новинар ќе ја разбере тежината на јавно изречениот збор.

- Одговорноста на медиумите во една ситуација каде што секој збор мора да биде одмерен, каде што секоја непотребна квалификација или констатација која не кореспондира со реалноста може да биде и фатална. Но, од неговото излагање морам да кажам дека го чува спротивното. Низ еден сериозен обид на манипулација, на искривување на тезите тој повторно од собраниската говорница, за жал, наместо да ги смирува тензиите, ги подгрева пласирајќи информации кои се целосна невистина провоцирајќи шпекулации, рече министерката за внатрешни работи.  

Министерството за внатрешни работи располага со бројни информации кои не може да ги сподели со јавноста, додаде Јанкулоска, не поради тоа што не сакаат да дадат одговор на прашањата што се поставуваат, туку поради тоа што приоритет на Министерството е истрагата. 

Во однос на доказниот материјал, министерката рече дека Бишевац се обидел да шпекулира со пронајдениот автомобил за што полицијата побара помош од граѓаните.

- Сакам да им се заблагодарам на граѓаните кои се јавија на бројот 199, кои на кој било начин дале информации. Сите тие информации кои заедно со анализите што ги направивме покажаа дека возилото е еден од доказите кои можеби на крајот ќе се покаже дека се клучни, рече Јанкулоска, додавајќи дека не се исклучува ниту едно сценарио, ниту една опција. - Мораме да бидеме внимателни и трпеливи, да внимаваме да не зборуваме повеќе од што е неопходно и секоја информација до која можат да дојдат сторителите, кои, за жал, се уште се на слобода, може да значи нивно успешно бегање од правдата, изјави Јанкулоска.

Во делот на информирањето, првата информација за убиството дојде од МВР, во неколку наврати имавме прес-конференции. На самиот ден пред да заврши увидот ја информирав јавноста за оние информации со кои можевме да информираме. Оттогаш па наваму сите медиуми во Република Македонија ги добиваат сите информации за кои сметаме дека нема да и наштетат на истрагата. Имаше обиди од некои странски медиуми, свесно и намерно или не, ги сметаме за злонамерни, но нема да западнеме во замката да одговараме на секоја шпекулација и секоја искривена информација, наместо да се фокусираме на истрагата. Напротив, ќе останеме отворени и транспарентни, изјави Јанкулоска која смета дека најголем дел од медиумите во земјата беа на висината на задачата.

Министерката се осврна на акцијата „Детонатор“ и рече дека во времето на СДСМ немало акции, ниту кривични пријави, а дали имаше криминал говорат сите официјални извештаи. Разликата е во тоа што денес ако некој направи криминал без разлика дали припаѓа на некоја политичка партија или не, пред законот одговара подеднакво.

- И она што вие сакате да го претставите како внатрешно партиска борба во ВМРО-ДПМНЕ, се вика неселективна борба против корупцијата и криминалот. Ние се гордееме со нашата неселективна борба со корупцијата и криминалот. Смената на 13 раководни полициски службеници кои се најповиканите да го спроведуваат законот на територијата каде што се констатирани аномалии во работењето е само потврда дека немаме милост кон никого. И така и ќе остане, истакна Јанкулоска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...