Притвор од 30 дена за девет уапсени во акцијата „Монструм“

Скопје, 3 мај 2012 (МИА) - Истражен судија им одреди 30-дневен притвор на петтмина осомничени за тероризам поради петкратното убиство кај Смиљковското Езеро на 12 април годинава, потврдија за МИА во канцеларијата за односи со јавност на Основниот суд Скопје 1.

Тројца од осомничените се пренесени во затвор, а двајца се во бегство и притворот ќе им почне кога ќе бидат приведени. 

Притвор од 30 дена им е одреден на уште четири лица осомничени за неовластено производство, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи

На шеесетгодишната жена од липковското село Отља, кај која полиција пронајде поголемо количество оружје и муниција, и се одредени превентивни мерки - одземена и е патната исправа и има обврска се јавува во суд.

На 10 приведени во полициската акција „Монструм“, по барање на МВР, им е одреден краткотраен притвор од 48 часа.

Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски вчера најави дека Обвинителството ќе бара максимална казна за сторителите на петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.

- Законот е многу ригорозен. Се работи за најтежок вид кривични дела-тероризам, за кои е предвидена максимална казна доживотен затвор. Се надевам дека полицијата врз основа на биолошките и материјалните докази што ги има прибрано ќе срочи квалитетна кривична пријава која ќе може да ја процесуираме во најкраток можен рок, изјави Шврговски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...