И Интерпол ќе трага по осомничените

Скопје, 3 мај 2012 (МИА) - Кривичната пријава за тероризам што ја поднесе МВР за петкратното убиство кај Смиљковци е прифатена. Тоа, како што информира денеска министерката Гордана Јанкулоска, практично значи дека сите материјални докази кои МВР ги приложи до судот биле доволно убедливи за да се утврди првичната мерка притвор и понатаму да се продолжи истрагата.

- Во изминатите 48 часа интензивно работевме до условно речено заокружување на онаа фаза од истрагата која значи поднесување и прифаќање на кривичната пријава. Според моите информации од она што се случувало пред истражниот судија, на 10 лица за кои се сомневавме дека се вклучени во криминални активности, од кои пет се осомничени за кривично дело „тероризам“ веќе им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, а на дополнителни 10 од приведените при акцијата од финалната фаза од операцијата „Монструм“ им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, изјави министерката за внатрешни работи по промоцијата на Практикумот за постапување во случаи на семејно насилство, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители во скопскиот хотел „Александар Палас“.

МВР продолжува со дел од вештачењата кои се уште не се завршени бидејќи се работи за голем материјал за кој е потребно дополнително време и истрагата во таа насока продолжува и понатаму.

Јанкулоска истакна дека најважно во овој момент е да се направат сите потребни дополнителни напори за да се обезбедат преостанатите две лица за кои во текот на денешниот ден ќе биде распишана меѓународна потерница.

- Тоа значи дека веќе од денеска по нив ќе трага и Интерпол и практично целосно да се заокружи овој случај, а понатаму да му оставиме на судот да ја донесе финалната одлука. Иако она што можев да го чујам вчера од изјавата на обвинителот евидентно е дека ќе се инсистира на максималната казна која ја предвидува нашиот Закон за вакво кривично дело. Уште од првиот момент кажавме дека ги бараме сторителите на терористичкиот акт на грозоморното убиство, но во финалната фаза од операцијата јас потенцирав дека се приведени 20 лица по разни основи, а дел од тие основи се недозволено поседување и растурање оружје и распрскувачки материјали што само по себе е доволно тешко кривично дело, изјави министерката за внатрешни работи.

Од самиот почеток на истрагата, МВР имало прелиминарни согледувања за бројот на извршителите кои, посочи Јанкулоска, понатаму се потврдија како точни до овој момент до кој сме дојдени во истрагата.

- Но, несомнено за да се изврши терористички акт и кривично дело со толку тешки последици се претпоставува дека тие лица коишто се непосредни директни учесници во терористичкиот акт имале директни конекции, поддршка и логистика. Токму заради тоа беше потребно да се направат повеќе анализи, да се извршат разговори со повеќе лица, да се направат проверки кои целосно ќе ја расветлат ситуацијата, рече таа.

До овој момент, информира Јанкулоска, имаме направено анализа на дел од оружјето кое беше пронајдено при претресите и се уште не е утврдено дека тоа оружје се совпаѓа со оружјето кое беше употребено при извршување на кривичното дело. Во оваа насока, потенцира, продолжуваат сите истражни дејствија и анализи кои би можеле да потврдат дека одредено конкретно оружје е употребено за извршување на ова кривично дело.

- Сакам да потенцирам дека дури и без овој аспект на истрагата и без овој доказ имаме доволно материјални докази кои потврдуваат кои се сторителите на ова дело, потврди министерката за внатрешни работи.

Лицата на кои им е определен 48-часовен притвор не се товарат за кривично дело „тероризам“.

На новинарско прашање дали извршителите на убиството имаат врски со групи од надвор, Јанкулоска со одговор дека во оваа фаза на истрагата рано е да се зборува за тој аспект на евентуална поврзаност бидејќи МВР нема се уште прецизна информација за тоа што лицата кажале пред истражниот судија.

- Ако има какви било индиции во однос на кои истражниот судија преку Обвинителството ќе нареди да постапиме, ние и ќе постапиме во интерес на целосно документирање на кој било аспект од истрагата. Но, во оваа фаза рано е да се зборува за тоа, повтори Јанкуловска.

При терористичките акти, подвлече таа, не секогаш жртвата е поврзана директно со сторителот и тоа всушност, укажа, се повтори во грозоморното петкратно убиство. Се работи за жртви кои немале никакво претходно криминално досие и кои воопшто немале ни контакт со лицата осомничени за тероризам.

- Тие сакаат да постигнат вознемиреност кај населението, немир, недоверба кон институциите што понатаму би можело да резултира со други последователни настани. Во конкретниот случај со Смиљковското Езеро македонското општество покажа висок степен на зрелост покажувајќи доволно трпение за да можат институциите целосно да ја завршат работата и притоа да не дојде до нарушување на безбедносната состојба и провоцирање на дополнителни немири, оцени министерката Јанкуловска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...