Попоски во работна посета на Големото Војводство Луксембург

Скопје, 10 мај 2012 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, престојуваше во работна посета на Големото Војводството Луксембург.

Во рамките на посетата на Војводството Луксембург, како што соопшти МНР, министерот Попоски оствари средба со својот колега, министерот за надворешни работи, Жан Аселборн, при што беше разговарано за билатералните односи меѓу двете земји. Посебен акцент на средбата беше ставен на економска соработка и потребата од нејзино продлабочување.

Министерот Попоски информира за текот на Пристапниот дијалог на Република Македонија со Европската унија и побара конкретна поддршка од Луксембург, особено за донесување одлука, во рамките на ЕУ, за отпочнување на преговорите за членство.

Министерот Попоски беше примен и од Претседателот на Парламентот на Војводството Луксембург, Лорен Мозар, а оствари средба и со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Парламентот, Бен Фајо.

На средбите, стана збор за парламентарната соработка меѓу двете земји, за потребата од нејзино интензивирање, како и за состојбите во регионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...