Еленовски: Следната Европска интеграција - повик за будење

НАТО е најголемата безбедносна алијанса во историјата. Изминатите 20 години таа е една од најтрансформираните меѓународни организации на планетата, изјави Лазар Еленовски, претседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.

- Низ таа трансформација и особено по падот на комунизмот во Европа, требаше да најде нова причина за своето постоење. Но, најмногу од се’, НАТО е безбедносна организација со најголема одговорност кога се работи за заштитата на вредностите на цивилизацијата и слободата. Затоа, НАТО да се соочи со безбедносната околина која денес брзо се менува во овој мултилатерален свет. Трансформацијата се перципира како развој на високо-технолошки воени капацитети. Новиот Стратешки концепт усвоен во Лисабон 2010 даде насоки за идната трансформација на Алијансата. Самитот во Чикаго ги очекува веќе вложените напори од сојузниците. Кога на оваа агенда ќе ги додадеме сегашните операции, мисии, партнерства и форуми, сликата за Алијансата и нејзиното соочување со глобалните безбедносни предизвици претставува слика за посветеноста во градењето на светскиот мир и напредок. НАТО дејствува како глобален заштитник на цивилизациските вредности. Токму ова беше ефикасно потенцирано во Либија, вели Еленовски, според кого главниот предизвик за НАТО доаѓа од внатре.

Веќе неколку години главниот проблем со кој се соочува Алијансата е растечкиот воен, технолошки и буџетски јаз меѓу Северна Америка, особено САД и европските партнери, додава Еленовски.

- Изминаа пет години откако поранешниот државен секретар на САД Роберт Гејтс на безбедносната конференција во Минхен им се обрати на своите европски партнери со зборовите: „НАТО не е место за зборување“ (“NATOis not a talking shop”). Тоа, всушност, претставуваше повик за секој од сојузниците да го сноси товарот во градењето на воените капацитети, да придонесе кон операциите и, како предуслов, да одржува стабилен буџет за одбраната од над два проценти од бруто домашниот производ. Оттогаш, нештата не се подобрија.

Европскиот предизвик

НАТО, како колективен систем, остана главен столб на европската одбрана. Сепак, што се однесува до буџетите, европскиот дел од вкупното трошење на НАТО е нешто повеќе од 20 проценти, додека во 1991 година беше третина од вкупниот буџет на НАТО. Од крајот на Студената војна трошоците за одбрана на европските земји-членки се намали за 20 проценти додека нивниот БДП порасна за 60 проценти. Овој тренд стана се’ позабележителен по финансиската криза во 2008 што придонесе за значително намалување во буџетите за одбрана на европските сојузници (со исклучок на Франција и Обединетото Кралство) на помалку од два проценти од побараниот стандард. Освен тоа, 15 од овие земји-членки во 2011 година имаа буџет за одбрана помал од 1,5%, изјави првиот човек на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.

- Истовремено, додека европските буџети опаѓаа во последната декада, воениот буџет на Кина се зголеми за трипати, на Русија порасна за 100 проценти, а воените буџети на земјите како Индија, Бразил и Јужна Кореја се зголемија за 50 до 100 проценти. Ако овој тренд продолжи, процените се дека во наредните 10 години воениот буџет на Кина ќе биде еднаков на вкупниот буџет на европските сојузници. И како врв на сето тоа, треба да се земе во предвид планот на администрацијата предводена од Обама за кратење во одбраната од половина трилион долари во наредната декада. Јазот во буџетите е главниот предизвик на НАТО во колективниот развој на воени капацитети. Оттука, Генералниот секретар на НАТО Андерс Фон Расмусен предупреди дека финансиската криза се’ повеќе станува безбедносна криза, вели Еленовски, кој додава дека тешкотиите на Европа не престануваат тука.

Европската Унија се соочува со најголемата економска криза од нејзиното постоење, но очигледно е дека има недостиг од единствени европски политички механизми за исполнување на континенталните и глобалните предизвици, вели Еленовски.

- Сите овие поврзани тешкотии откриваат општа криза каква што не е видена од Втората светска војна. Таа ја става под знак прашалник основната филозофија на обединета Европа и нејзиното место во глобализираниот свет. Самиот карактер на длабоката криза е доказ дека капацитетите на големата европска идеја се потрошени и дека граѓаните на ЕУ треба да се подготват за нова фаза на трансформација и реформа. Европа треба да го избере патот на подлабока интеграција. Ова бара храбра визија која не само што ќе понуди надеж и просперитет туку ќе се соочи и со политичките, економски и над се’, ментални барикади кои стојат на нејзиниот пат.

Силната и обединета Европа

Политичката и економската интеграција ќе значи подобрена стабилност и поголема моќ за Европа. Продолжувањето на процесот на европското проширување со Западниот Балкан и Источната периферија е следниот неопходен чекор. Со завршувањето на овој историски процес, ќе се создаде ентитет кој ќе има историска потврда во неколку вековното градење на европскиот идентитет. Европјаните не треба да се плашат од ништо - барем не од Европа.

- Како атлантист и европјанин, јас сум цврсто убеден дека само обединета и интегрирана Европа може да биде доволно силна за да одговори соодветно на идните предизвици. Ова решение не е ново – тоа претставува природно продолжение. Прво, тоа е одговор на моменталната криза, затоа што ќе промовира економска стабилност преку зацврстениот внатрешен пазар и хармонизацијата на економските политики, како и отпочнување на растот и развојот. Второ, тоа е вистинската реакција за ефикасно продолжување на трансатлантското стратешко партнерство. За да биде силна и во иднина, Европа треба денес да преземе одлучни чекори, а тоа значи да биде добар партнер на САД. Во спротивно, американскиот интерес за Европа ќе продолжи да опаѓа. Трето, тоа ќе биде одговор на заканата од опаѓањето на глобална улога на Европа. По многу векови, центарот на светот се движи од Европа кон Исток, каде се наоѓаат најголемите светски политички, економски и безбедносни предизвици. Глобализацијата создаде нова геополитичка реалност, вели Еленовски, според кого овој процес не и одговара на делумно разединетата и поделена Европа.

- Европа, лулката на цивилизацијата, треба да се интегрира и со тоа да ги зацврсти своите политички, економски и воени способности доколку сака да остане способна да го нуди концептот на слободно општество засновано на нејзините вредности, вели во пресрет на Самитот на НАТО во Чикаго Лазар Еленовски, претседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, потпретседател на Светската Атлантска асоцијација и поранешен министер за одбрана на Република Македонија



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...