Одбележан 20 Мај - Денот на пожарникарите

Скопје, 21 мај 2012 (МИА) - Дирекцијата за заштита и спасување и Противпожарниот сојуз на Македонија денеска го одбележаа 20 Мај - Денот на пожарникарите.

- Противпожарниот сојуз на Македонија и годинава, како и претходните, веќе традиционално го одбележува овој ден и покренува кампања за заштита на шумите од пожари. Во овој момент, во сите градови во Република Македонија одат вакви или слични кампањи, проследени со соодветен пропаганден материјал, на кој се истакнува значењето на шумата како еко систем, со својот биодиверзитет, но и потребата на луѓето да се заземат сето тоа што шумата во себе го има да се заштити, изјави претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, Никола Николов.

Тој рече дека изминатите 12 години, според статистиката, Македонија од шумски пожари годишно има штети од 4 до 5 милиони евра.

- Тука влегуваат не само штети за гасење, изгорена површина, туку и за обнова на она што е веќе изгорено. Ова е мотив повеќе за сите нас, заедно и со Дирекцијата за заштита и спасување, со професионалните единици, со шумарството, да се заземеме за заштита на нашите шуми од пожари, рече Николов.

Тодор Грков, раководител на Сектор за планирање и развој во Дирекцијата за заштита и спасување истакна дека со одредени финансиски средства го поддржуваат Противпожарниот сојуз на Македонија со цел да ги реализира своите цели и задачи, особено во спроведување на противпожарната превентива, вклучувајќи ги подготовките на доброволните пожарникари за учество во гаснењето на пожарите, пред се на отворен простор и во едукацијата на населението за постапките кои задолжително требе да ги применуваат при кампување во шумите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...