Срамно е што Македонија не доби покана за НАТО

Скопје, 22 мај 2012 (МИА) - Срамно е што Македонија не доби покана на Самитот во Чикаго. Постојаната блокада на македонското членство во НАТО е неоправдана, оценува поранешниот генерален секретар на Алијансата Џорџ Робертсон во изјава за емисијата „Порта“ на МТВ.

- Македонија ги исполни сите критериуми за членство и игра непропорционална улога во мировните трупи на НАТО операциите. Самото тоа значи членство. Во 2001-ва Македонија се соочи со реален предизвик за Европа, но и за светот. Со свои сили обезбеди да се надмине еден конфликт со договор што е пример за многу генерации, вели Робертсон.

Тој ги критикува членките на НАТО што не најдоа начин како да ја внесат Македонија во Алијансата, затоа што според него земјата не може сама да го реши спорот со Грција.

- Дополнителен напор треба да вложаат сите за да се надминат сите пречки за македонското членство. Спротивно, основачките принципи на Алијансата ќе бидат предадени, истакнува поранешниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...