Франција целосно стои зад заклучоците на НАТО

Париз, 22 мај 2012 (МИА) - Официјален Париз преку портпаролот на француското МНР вели дека Франција во целост ги прифаќа заклучоците од самитот во Чикаго, јавува Дојче Веле.

Портпаролот на Кеј Д’Орсеј, Бернар Валеро, даде краток коментар за Дојче Веле по Самитот на НАТО во Чикаго, заклучоците во однос на приемот на Македонија и изјавите на премиерот Никола Груевски за „дволичноста“ и двојните стандарди на големите сили како САД, Франција и Германија. Најпрво нагласува дека „проширувањето на НАТО не беше на дневниот ред на самитот во Чикаго но, затоа се дискутираше за другите прашања, Авганистан, антиракетната одбрана,...“

- Официјален Париз не сака да навлегува во полемики во однос на изјавите на македонскиот премиер. Не е ни место, ни време за полемики, вели во писмениот одговор Бернар Валеро.

Што се однесува до Македонија, Франција целосно ги прифаќа заклучоците од Самитот кои се однесуваат на неа, додава портпаролот на Д’Орсеј и поранешен амбасадор на Франција во Македонија.

Во завршната декларација на земјите членки на НАТО од Самитот во Чикаго, се повторуваат заклучоците од Самитот во Букурешт во 2008 година, дека ќе упатат покана до Република Македонија за членство во Алијансата штом се најде заемно прифатливо решение на прашањето за името. Воедно се оценува дека брзо изнаоѓање на вакво решение и македонското членство во НАТО ќе придонесат за безбедноста и стабилноста на регионот.

- Го охрабруваме продолжувањето на преговорите без одложување и очекуваме дека ќе бидат завршени што е можно поскоро. Ги поздравуваме и продолжуваме да ги поддржуваме реформските напори на поранешната југословенска република Македонија и го охрабруваме нивното натамошно спроведување. Исто така, би сакале да ги охрабриме напорите дополнително да се изгради мулти-етничкото општество. Го цениме значителниот придонес на поранешната југословенска република Македонија кон нашите операции, како и нејзината активна улога во регионалните активности за соработка. Ја цениме долготрајната посветеност на поранешната југословенска република Македонија кон процесот на членство во НАТО, пишува во делот од декларацијата посветен на Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...