ЗНМ и Владата се договорија за декриминализација на клеветата

Скопје, 13 јуни 2012 (МИА) - Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Владата на денешната средба постигнаа договор за декриминализација на клеветата и навредата и за висината на надоместокот на нематеријална штета.

Висината на надоместокот за нематеријална штета ќе биде 2.000 евра за авторот новинар, 10.000 евра за главниот уредник и 15.000 евра за сопственикот на медиумите.



Вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи, која претседава со работната група за медиуми оцени дека овој договор покажува оти може да се разговара за сите прашања, ако целта е постигнување повисоки демократски вредности во општеството. Таа изрази верување дека постигнатиот договор ќе биде позитивно оценет и од страна на ЕУ.

За претседателот на ЗНМ Насер Селмани постигнато е прифатливо решение односно се работи за оптимален компромис за кој ќе се организираат и јавни дебати. Овој закон, потенцира Селмани, е во насока на подобрување и на судската пракса, но и на зајакнување на професионализмот и стандардите во новинарството.

- Законот е поставен казните да бидат на крај. Воспоставен е систем кој му дава можност на новинарот да ја докаже вистината на напишаното, ако во тоа не успее, да се извини, а има инструмент да се објави и демант. Крајна мерка ќе биде изрекување мерка надомест за нематеријална штета, појасни претседателот на ЗНМ, кој додаде дека ова е еден важен чекор за подобрување на состојбите во медиумите.

До септември, најави Селмани, треба да се исцрпат и прашањата поврзани со Законот за радиодифузија, Законто за работни односи, владините кампањи и МРТВ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...