EK загрижена за одземањето на дозволата на А2

Брисел, 14 јуни 2012 (МИА) - Европската комисија денеска уште еднаш потврди дека смета оти договорот за декриминализација на клеветата и навредата меѓу Владата на Република Македонија и Здружението на новинарите (ЗНМ) е одличен, но покажа загриженост за одземањето на дозволата за емитување на А2 телевизија.

На прашањето на дописникот на МИА од Брисел поставено до канцеларијата на комесарот за проширување Штефан Филе во врска со негодувањето во Македонија од договорот меѓу Владата и ЗНМ, поради предвидената висина на казните, како и нападите од некои македонски новинари и медиуми на Филе за неговиот став дека договорот е одличен, портпаролот Петер Стано одговори дека договорот е добра вест.

- Договорот за декриминализацијата на клеветата и навредата останува добра вест за нас, а нападите над Филе не би сакал да ги коментирам поради тоа што се поради негов став изразен на социјалните мрежи на интернет, што не е официјално, посочи Стано.

Сепак, гласноговорникот на Филе истакна дека Комисијата е загрижена за одземањето на дозволата за емитување на телевизијата А2, од страна на Советот за радиодифузија, посочувајќи дека одличната вест за договорот, во ист ден, за жал, била поклопена со лоша вест за забраната за емитување програма на ТВ А2.

- Ние ќе следиме што понатаму ќе се случува со оваа телевизија, посебно што слободата на изразувањето и на медиумите е една од точките во високиот пристапен дијалог (ХЛАД), додаде Стано.

На прашањето зошто Европската Комисија, ако еден од нејзините столбови е владеењето на правото и законите, е загрижена поради владеењето на правото и законите во Македонија, што е факт во случајот со А2, портпаролот на Филе одговори дека токму поради тоа Комисијата одблиску ќе го следи развојот на ситуацијата со оваа телевизија.

- Во секој случај, не е добро кога на еден медиум не му се дозволува да функционира, заклучи Петер Стано.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...