Груевски на средба со претседателот Путин

Санкт Петербург, 21 јуни 2012 (МИА) - Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска и утре во Санкт Петербург  ќе ги презентира поволностите за отворање и водење бизнис на форумот што го организира Трговско-индустриската комора на градот.

Во рамки на пленарното заседание на Меѓународниот економски форум, предвидено е македонскиот премиер да оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин.

На овој престижен форум, традиционално учествуваат реномирани економски експерти, аналитичари, бизнисмени и политичари.

Во Санкт Петербург во рамки на неколкудневната посета на Руската Федерација, владиниот тим ќе има средби со менаџерските тимови на компанијата „Газпром“, чија дејност е производство на природен гас, на „Стројтрансгас“, чиј делокруг на работа е дистрибуција и стопанисување со природен гас, и на компанијата „Лукоил“, која се занимава со производство и трговија на нафта и нафтени деривати.

Премиерот Груевски во Санкт Петербург свечено ќе го отвори Почесниот конзулат на Република Македонија и ќе се сретне со губернаторот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.

Минатите денови владиниот тим оствари посета на повеќе руски градови каде беа одржани бизнис форуми за презентирање на македонските поволности за инвестирање, а во рамки на посетата на Руската Федерација, Груевски оствари средби и со губернатори на повеќе области. 

Македонската делегација ја почна посетата на Руската Федерација во Москва каде можностите за инвестирање во Македонија беа презентирани пред околу стотина руски инвеститори, а беше потпишан и договор за соработка меѓу Република Македонија и Московската област.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...