Жолта алертна фаза - општи препораки

Македонија денеска и утре e под влијание на многу топла воздушна маса од северна Африка, со претежно сончево време, многу високи температури и висока вредност на УВ индексот.

Температурата неделава, речиси насекаде, ќе биде над 35 степени, а на места ќе достигне и до 41 степен. УВ индексот, пак, ќе има вредност 9.

Македонија е зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата фаза, односно алертна фаза, каде постои потенцијална опасност по здравјето на луѓето од многу топлото време. Комисијата при Министерството за здравство постојано ја следи состојбата со ризиците по здравјето од надворешните високи температури во тесна соработка со останатите надлежни институции и се грижи околу синхронизација на активностите.

Сите здравствени установи, како што соопшти Министерството за здравство, се во приправност и се спремни со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број на лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури.

Остануваат да важат истите општи препораки за заштита на здравје на населението.

Општи препораки за заштита од високите температури:

Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори  под сенка.

Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење,  а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.  При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

Хроничните болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, препораките се: должително миење на земјоделските - градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, тичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. а се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.   

Исто така, по потреба и на дневна основа, Комисијата ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици, поготово за најранливата категорија на граѓани во деновите кои доаѓаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...