Продолжува расправата за законот за бранителите

Скопје, 10 септември 2012 (МИА) - Собраниската Комисија за труд и социјална политика на денешната седница ќе ја продолжи расправата по Предлог - законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, започната минатата недела.

Законот до Собранието го достави пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и негова цел е регулирање на посебните и социјални права, кои согласно член 36 од Уставот им се загарантирани на припадниците кои учествуваа во одбраната на суверенитетот на Република Македонија.

Поддршка за законот даде и опозицискиот СДСМ, додека партиите на Албанците во Парламентот беа против, со образложение дека тој е антиалбански, дискриминаторски, како и дека е штетен за мултиетничкиот живот и евроатлантската иднина на Македонија. Од ДУИ најавија дека ќе ги искористат сите административни, процедурални и технички средства што им стојат на располагање за да го спречат донесувањето на законот. 

Со Предлог законот опфатени се припадниците на воените и на полициските безбедносни сили кои учествувале во спречувањето на насилно уривање на демократските државни институции во периодот од 1 јануари 2000 до 31 декември 2001 година. Во случај кога се работи за загинати припадници на безбедносните сили, надомест ќе добијат членовите на нивното семејство.

Според законот, тие се ослободени од плаќање здравствени услуги во примарна здравствена заштита, а Владата и општините треба да вработат еден невработен член на семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили без јавен оглас во државните институции. Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ се предвидува право на станбено згрижување преку станбен кредит во времетраење од 20 години, при што државата ќе покрие половина од одобрениот кредит и 50 проценти од висината на договорната камата. Ако земат стан под закуп, ќе плаќаат 50 проценти помала кирија од онаа што е утврдена со законот.

Покрај другите права, законот предвидува семејствата на загинатите припадници да добијат паричен надомест од 50 просечни плати остварени во месецот кога настапила смртта на припадникот, а воени инвалиди ќе добиваат надомест зависно од степенот на инвалидитет од 30 до 150 плати, како и работен стаж со двојно траење за време на конфликтот.

Собранието за Предлог-законот ќе расправа во редовна постапка, што значи дека прво треба да го разгледаат комисиите за одбрана и безбедност и за политички систем. Откако овие комисии ќе ја утврдат потребата од усвојувањето на ваков закон, потоа треба да гласаат и пратениците. Во втората фаза истите комисии ќе расправаат ако бидат доставени амандмани, по што законот оди на собраниска седница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...