Уште еден случај на западнонилска треска во Македонија

Скопје, 28 септември 2012 (МИА) - Кај уште едно лице лабораториски е потврдено присуство на западнонилска треска, соопшти Министерството за здравство.

Станува збор за дете на едногодишна возраст, хоспитализирано на Клиниката за детски болести, со треска и покачена температура, со полесна форма на болеста, без тешки компликации, како менингит и енцефалит.

Според податоците од Институтот за јавно здравје на Македонија, од пет лабораториски анализи, доставени од Клиниката за детски болести, една (на детето) била позитивна, а четири негативни.

На Клиниката за инфективни болести се уште се лекува двеиполгодишното дете, кое и натаму е во потешка здравствена состојба, додека останатите две лица (7-годишно дете и повозрасен маж) по успешното лекување се пуштени дома.

Во Македонија досега се евидентирани шестмина заболени од западнонилска треска, од кои двајца починаа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...