Во петок треба да се гласа за доверба на Владата

Скопје, 2 октомври 2012 (МИА) - Пратеничката група на СДСМ попладнево ја поднесе иницијативата за гласање доверба на Владата. Според членот 92 од Уставот, гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски седницата ја закажа за петок напладне.  

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во саботата на митинг во Битола ја најави иницијативата, а денеска на прес-конференција по средбата со опозицискиот блок ја потврди. Причините за поднесувањето, според него, се двомесечната фингирана конфронтација помеѓу владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со што, како што рече, се загрозуваат меѓуетничките односи и интеграциите на земјата.

Последен пат гласање за доверба на Владата имаше на 7 јуни 2007 година, кога претседател на Парламентот беше Љубиша Георгиевски, а премиер Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...