Нова препорака за преговори, без одложување

Брисел, 9 октомври 2012 (МИА) - Нова, четврта по ред препорака за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија и укажување до Советот на Унијата да го овозможи тоа без понатамошно одлагање, се очекува да содржи најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата, што официјално комесарот за проширување Штефан Филе ќе го претстави утре во Брисел.

Според драфт-верзијата на извештајот, како што пренесе дописникот на МИА од Брисел, заклучоците на ЕК за Македонија се најпозитивни досега. 

Во поединечниот прогрес-извештај за земјата, кој ќе биде напишан на 50 до 70 страници, се очекува два пати да се спомене и придавката „македонски“ во однос на јазикот и народот, со цел да се задоволат барањата на македонските највисоки политички претставници.

- Поранешната југословенска Република Македонија доби кандидатски статус во 2005 година. Во 2009 година, Комисијата оцени дека земјата доволно ги исполнила политичките критериуми и препорача отворање на преговори за членство. Оваа препорака беше повторена од страна на ЕК и во 2010 и 2011 година, како и сега во 2012 година, се вели во драфт-верзија на Стратегијата за проширување во која се наоѓа резиме од прогрес-извештаите за секоја земја што се наоѓа во овој процес.

Стратегија за проширување за 2012-2013 година, освен за Македонија се однесува и на други шест земји - Турција, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Исланд, а Комисијата подготвува физибилити студија за Косово и сеопфатен извештај за мониторингот над Хрватска, која следната година станува полноправна членка на Унијата.

Во врска со Република Македонија, Комисијата потенцира оти „силно верува дека напредувањето на процесот на пристапување на земјата во следна фаза е потребно со цел да се консолидираат темпото и одржливоста на реформите, особено во однос на владеењето на правото, како и за зајакнување на меѓуетничките односи, од кое, се додава, регионот како целина ќе има корист”.

Комисијата наведува дека „земјата продолжува да ги исполнува своите обврски во рамки на Договорот за стабилизација и асоцијација (САА). Комисијата ја одржува својата препорака да се премине во втора фаза од асоцијацијата и го охрабрува Советот на ЕУ да постапи по ова без понатамошно одложување, во согласност со релевантните одредби на Договорот за стабилизација и асоцијација“. Тоа го потврдува фактот дека ЕК бара од Грција да не ја попречува Македонија на декемврискиот Совет на Унијата и да дозволи да добиеме датум за почеток на преговори.

- Земјата продолжува доволно да ги исполнува политичките критериуми. Владата ја постави ЕУ-агендата во центарот на своите активности. Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) со Комисијата служи како катализатор за забрзување на реформите и придонесе за значителен напредок во голем број клучни политички области. Владата поднесе предлог до Собранието за подобрување на законската рамка за избори и, во областа на слободата на изразување за декриминализација на клеветата. Првиот преглед на Владата на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор обезбеди употреблива алатка за зацврстување на меѓуетничкиот дијалог, се посочува во извештајот на ЕК.

Комисијата предлага и дека „моментумот на реформите мора да се одржи во сите области од политичките критериуми, особено да се обезбеди нивно спроведување“. Според ЕК, ова е особено важно во владеењето на правото, вклучително во однос на слободата на изразување, каде според Комисијата мора да се засилат напорите.

- Дијалогот на тркалезна маса меѓу Владата и Здружението на новинари треба да продолжи да биде корисен форум за решавање на клучните предизвици во врска со медиумите. Тензиите меѓу заедниците по насилните инциденти во првата половина на 2012 година предизвика загриженост. Владата одговори зрело на овој предизвик и треба да се работи на понатамошно зајакнување на меѓуетничките односи и помирувањето, посебно во светло на дебатата во врска со статусот на жртвите од конфликтот во 2001 година, потенцира Европската комисија.

Во клучниот извештај на Комисијата за Македонија, во фокусот е и наметнатиот спор за името со Грција, притоа, во својата Стратегија за проширување поврзана со земјата, наведува дека дијалогот под покровителство на ОН, кој се одвива уште од 1990-та, иако од 2009 година е надополнет со билатерални контакти, вклучително и на премиерско ниво, досега не донесе некаков резултат.

ЕК ја споменува и пресудата на Меѓународниот суд на правдата со која се утврди дека Грција ја прекршила Времената спогодба со Македонија со спротивставување на нејзиниот прием во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година. Останува есенцијално, вели Комисијата,  одржувањето на добрососедски односи, вклучувајќи компромисно и меѓусебно прифатливо решение на прашањето за името, под покровителство на ОН.

- Решение мора да се најде без понатамошно одлагање. Акции и изјави што можат негативно да влијаат на добрососедските односи треба да се избегнуваат, препорачува Комисијата на крајот.

Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи во пресрет на објавувањето на извештајот, изрази очекување дека ќе биде позитивен, но според неа, рано е  да се прогнозира дали на Самитот на ЕУ во декември Македонија ќе добие датум за преговори.

- Мислам дека треба да очекуваме позитивен извештај, кој ќе биде приказ на нашата реалност. Оценките за нашиот напредок, ЕУ не ги прави „за атер“, па да ги испегла видувањата за нас. Јас мислам дека нивната отвореност и критичност ќе останат и тоа е добро, но нивната оценка во овој период се базираше на договорените приоритети, кои ние си ги зададовме заедно со нив и врз основа на тие приоритети ние сме позитивно оценети, посочува вицепремиерката Арифи.

Според најавите од ЕК, прес-конференцијата на комесарот за проширување Штефан Филе во Брисел на која ќе ги презентира извештаите за земјите кандидати за членство и на потенцијалните кандидати, е закажана за 13:30 часот. 

По прес-конференцијата на Филе, извештајот за напредокот на Република Македонија во ЕУ Инфо центарот во Скопје ќе го презентира и евроамбасадорот Аиво Орав, кој документот ќе им го достави и на претседателот Ѓорге Иванов, на премирот Никола Груевски и на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...