Шестиот ВиноСкоп стартува утре на плоштадот „Македонија“

Скопје, 9 октомври 2012 (МИА) - Шестиот традиционален фестивал за промоција на виното „ВиноСкоп“ ќе почне утревечер, во 21 часот, на плоштадот „Македонија“. Фестивалот ќе го отворат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

- Ова е традиционална манифестација што ја организира Град Скопје. Целта е да се афирмира производството на вино во Република Македонија, како и да се промовираат македонските вина во државата и надвор од Македонија, рече Трајановски на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека оваа манифестација ќе овозможи луѓето да се дружат, како и да се зголеми туристичката понуда на Град Скопје и на Република Македонија.

- Задоволни сме од досегашните изданија на „ВиноСкоп“. Тие ги оправдаа нашите очекувања, како по бројот на посетители, така и по бројот на винарии кои се претставија досега, рече Трајановски и ги повика сите граѓани да го посетат „ВиноСкоп“.

Фимка Шопова Темова од Организацискиот тим на овој фестивал информира дека и годинава, како и досега, посетителите во виното и храната може да уживаат преку принципот на ваучерите. Основната цена на едно вино или минималната ќе биде 70 денари, а понатаму винариите ќе одредуваат, во зависност од квалитетот на виното кое го продаваат.

- Ново е тоа што годинава посетителите ќе можат да си купат сувенир од фестивалот. Има изработено маички со различни апликации, беџови и брендирани чаши со логото на фестивалот кои ќе можат да се купат во посебно катче, вино-шоп, куќичка лоцирана на плоштадот „Македонија“, рече Шопова Темова.

Годинава на „ВиноСкоп“ ќе се претстават 19 производители на вино. Дел од фестивалот се винарниците „Стоби“, „Тиквеш“, „Бовин“, „Сковин“, „Шато Камник“, „Шато Сопот“,„Попов“, „Попова Кула“, „Филовски“, „Визба Валандово“, „Вардарска Долина“, „Картал“, „Пивка“,  „Дудин“, „Изворно“, „Имако“, „Винарија Охрид“, „Пирган“ и „Бахус-Алтан ракија“.

Музичката програма на фестивалот претежно ја сочинуваат македонски изведувачи, како Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Нокаут, Нино Величковски, Миле Кузмановски, а гостуваат и два бенда од Косово...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...