Само четворица македонски државјани добиле азил во Шведска

Стокхолм, 16 октомври 2012 (МИА) - Барање за азил во Шведска минатата година  поднеле 890 лица од Македонија, а дозвола за престој добиле само четири лица. Најголем дел од македонските азиланти, како и оние од другите балкански земји, се припадници на заедниците.  

Голем број од азилантите кои доаѓаат во Шведска се од подрачјето на Западен Балкан, односно од земјите за кои е воведена визна либерализација како Србија, Босна, Косово и Македонија. Во текот на 2011 година меѓу земјите од кои доаѓаат најголеми азилантски групи во Шведска, Србија се наоѓала на трето место, Босна на деветото, а Македонија на единаесетото место.

Од Македонија лани во Шведска барање за азил поднеле 890 лица, но само 0,4 отсто, односно четири лица, добиле дозвола за престој во оваа држава. Најголем дел од македонските азиланти, како и оние од другите балкански земји, се припадници на заедниците кои живеат под тешки услови, но кои немаат право на азил во Шведска.

За споредба, може да се посочи податокот дека на 75 отсто од азилантите од Еритреја и на 43 отсто од оние кои доаѓаат од Ирак, им се одобрени дозволи за престој.

Многу луѓе од Балканот се измамени да бараат дозвола за престој во Шведска, која никогаш нема да ја добијат. Лажните информации обично доаѓаат од страна на туристичките агенции кои организираат патувања за Скандинавија, соопшти деновиве шведскиот Завод за миграции.
 
И покрај тоа што луѓе од балкански земји се меѓу најбројните баратели на азил, статистиката покажува дека сосема незначаен дел од нив добиваат позитивен одговор на своите молби во првата инстанца, односно кај Заводот за миграции.

Шведските амбасади во балканските земји се обидуваат преку локалните медиуми да информираат кои правила важат за добивање дозвола за престој во Шведска.

Според најновата прогноза на шведскиот Завод за миграции, идната година вкупната бројка баратели на азил во Шведска би можела да изнесува 50.000, а што би претставувало највисоко ниво по војната во Босна пред 20 годин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...