Париз побарал да се расправа за бранот на азиланти во ЕУ

Париз, 16 октомври 2012 (МИА) - Укинувањето на визниот режим за земјите од Западен Балкан претставува важен елемент во политиката на нашето приближување кон нив, но за жал голем број на мигранти со потекло од балканските држави ја злоупотребуваат постоечката процедура и се пријавуваат како баратели на азил, што доведе до задушување на прифатните центри за азиланти, изјави за МИА претставник на француското Министерство за надворешни работи.

- Поради овие причини француските власти преку својот министер за внатрешни работи, исто како и другите земји погодени од овој феномен, одлучија да се обратат и да ја известат Европската комисија и претседателството на Советот на ЕУ со писмото од 4 октомври 2012, со барање да се отвори расправа по ова прашање на Министерскиот состанок на 25 и 26 октомври 2012 во Луксембург, нагласи претставникот на Кеј д’Орсеј.

Ова прашање се уште официјално не е поставено на дневниот ред, но на следниот состанок на 27-мината во Луксембург предвидено е да се расправа за третиот извештај на Европската комисија со кој се надгледува безвизниот шенгенски режим за државите од Запаен Балкан.

Од она што го дознаваме, Комисијата доста позитивно ги оценува напорите на македонските власти во запирањето на бранот на лажни азиланти. Комисијата, исто така, констатира дека приливот на азиланти е „сезонски“ и дека барањата се од социјална и економска природа.

Во Франција ова лето имаше прилив на лажни азиланти од Македонија исто како и во Германија и посебно Луксембрг, кои според извештаите во најголем број се припадници на ромската заедница.

Франција барањата за азил на овие лица ги одбива и на почетокот на септември организира чартер летови за враќање на лажните азиланти во Македонија, Бугарија, Србија и Романија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...