Им благодарам на Македонците за поддршката

Ферфекс 5 ноември (МИА) - Бен и Тагарт Ромни, синови на претседателскиот кандидат на Републиканската партија во САД Мит Ромни, вчера беа на средба со граѓаните во Ферфекс во сојузната држава Вирџинија, во пресрет на денешниот митинг, а придружувани од гувернерот на Вирџинија Боб Мекдонел.

По средбата, во кус разговор за МИА, Бен Ромни им се заблагодари на сите Американци со македонско потекло кои ја поддржуваат кампањата на кандидатот Мит Ромни, особено во клучната сојузна држава Охајо, како и во соседниот Мичиген, каде има големи македонски заедници.

- Ви се заблагодарувам на сите Македонци, на сите Македонци во САД, затоа што го поддржувате мојот татко, изјави Бен Ромни.

Големото семејство на Мит Ромни, неговата сопруга Ен, петте синови и 18-те внуци, се постојано присутни во кампањата. Тие зборуваа за успешната деловна кариера на Мит Ромни, но и за неговата активност во црквата и во помагањето на пријателите и соседите.

Боб Мекдонел, гувернерот на Вирџинија, на средбата со граѓаните го обвини претседателот Барак Обама за економската криза со, за САД, исклучително високата невработеност од осум проценти.

Мекдонел го обвини Обама и за огромниот американски долг, продолжувајќи го правилото на републиканските кандидати на овие избори да ја користат Грција како пример што ги чека и САД, доколку трошењето не биде намалено.

- Во состојба сме на нашите млади да им го препуштиме историски најголемиот долг што САД некогаш го имале. Овој претседател не задолжи за шест трилиони долари. Тоа се по 20.000 долари нов долг за секој од нас. Ова ниво на долг и на трошење е неодржливо и е неморално.

Потребен ни е водач кој ќе биде искрен, ќе ги погледне луѓето во очи и ќе им каже – не смееме да трошиме пари кои ги немаме. Ќе банкротираме. За пет години ќе бидеме како Грција. Мораме да поставиме приоритети, изјави Мекдонел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...