Босна отвора нова истрага за смртта на Трајковски

Скопје, 6 ноември 2012 (МИА) - Во Босна и Херцеговина се отвора нова истрага за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски, врз основа на нови докази кои фрлаат нова светлина за причините за падот на „Кингерот“.

Ваква одлука донеле босанските власти, а информација ја потврдил и Омер Кулиќ, шеф на комисијата за истражување на воздухопловни несреќи при Министерството за транспорт и врски на Босна и Херцеговина.

Во македонското Министерството за транспорт и врски, како надлежно за спроведување истраги за воздухопловни несреќи, и во МВР, велат дека се уште не добиле официјална информација од босанските власти за отворањето нова истрага.

Укажуваат дека ресорните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска во контактите со нивните босански колеги имаат побарано да се отвори нова истрага за падот на „Кингерот“ имајќи предвид нови сознанија за несреќата.
Според најавите од босанските власти, решението со кое се отвора нова истрага ќе биде испратено во Македонија за неколку дена.

Владиниот „Кингер“ со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, се урна на 26 февруари 2004 година атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар. Остатоците од авионот и настраданите беа пронајдени 24 часа по уривањето на „Кингерот“.

Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...