Обратете се до Комисија за труд и социјална политика

Скопје, 6 ноември 2012 (МИА) - Пратеничката група на ДУИ доби одговор од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во врска со „спорот за начинот на работењето“ на Комисијата за труд и социјална политика, дека прашањата кои се покренуваат треба да бидат разгледани и разрешени по пат на донесување на соодветна одлука за која се изјаснило мнозинството членови на собраниското тело.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери денеска испрати барање до Вељаноски, согласно член 60, став 1, алинеа 3 на Деловникот на Собранието да ја задолжи Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања да расправа и да ја разреши дилемата за спроведување на Деловникот што настана на Комисијата за труд и социјална политика, откако Веле Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ побара ограничување на дискусиите во однос на амандманите за Предлог-законот за бранители.

Вељаноски одговори на барањето, кое исто така го упати и до претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Цветанка Иванова.

- Прашањата кои ги покренувате треба претходно да го добијат својот процедурален и суштински основ, односно да бидат разгледани и разрешени по пат на донесување на соодветна одлука, во рамките на споменатата Комисија за труд и социјална политика, за која се изјаснило мнозинството членови во Комисијата. Ваквата одлука ќе биде основ претседателот на Комисијата за труд и социјална политика да се обрати до мене како претседател на Собранието на Република Македонија, по што согласно член 60 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, би можел да ја задолжам Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања да расправа и да ја разреши дилемата за спроведувањето на Деловникот на Собранието и деловниците на работните тела, наведува во одговорот Вељаноски.

Тој, како што вели во текстот, како Претседател на Собранието на Република Македонија не може да навлегува во оценката на која било пратеничка група дали има спор за одредено деловничко или друго прашање се додека соодветното работно тело кое се соочува со наведениот спор не се изјасни дали навистина има потреба од ангажирање на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

- Исто така, во оваа насока должен сум да укажам дека не можам да му дадам предност на барањето на една пратеничка група за ангажирање на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, наспроти воздржаноста на останатите пратенички групи, чии пратеници, исто така, се членови на споменатата комисија, а во врска со натамошниот тек на нејзиното работење, посочува претседателот на Собранието. 

Нема информација дали и кога претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Цветанка Иванова ќе закаже седница на ова собраниско тело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...