Почнува Агрофуд 2012.

Скопје, 7 ноември 2012 (МИА) - На Скопски саем денеска почнува 62. Меѓународен саем за широка потрошувачка Агрофуд 2012. Официјално ќе го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

На саемската манифестација ќе учествуваат компании од Македонија, Бугарија, Италија, Србија, Грција и Словенија, кои на посетителите ќе им ги претстават најновите машини во земјоделската агромеханизација, земјоделските насади и вештачки ѓубрива, машини во индустријата за пакување и амбалажирање на храна и пијалаци, конзервна индустрија, органска храна и ѓубрива. Саемот за широка потрошувачка ќе се простира во две хали на површина од 5.000 метри квадратни.

Во рамки на Арофуд 2012. како пропратни манифестации ќе се одржат третата по ред изложба на ЕКО ЕТНО Македонија каде индивидуално ќе се претстават руралните општини од Македонија, нивната култура, храна и фолклор. За првпат оваа година ќе биде поставен и проектот Слоу фуд Македонија, на кои ќе настапат 12 конвивиуми од Македонија во соработка конвивиуми од Италија, каде ќе се подготвува традиционална здрава храна. Како дел од изложувачката програма се и Федерацијата на органски производители и нејзините членки, Здружението на земјоделци од Куманово, Федерацијата на фармери од Македонија и Средните земјоделски ветеринарни училишта од Македонија.

Во рамки на отворањето на саемот министерот Димовски ќе ја додели и наградата за најпроактивен земјоделец во организација на ПРО-кредит Банка, која се организира првпат од страна на ПроКредит банка. Изборот на најдобар земјоделец е во шест категории - житни култури, раноградинарство на отворено, раноградинарство под фолии или стакленици, производство на грозје и овошје, сточарство и органско производство.

За време на саемската манифестција ќе бидат одржани и трибини, работилници и билатерални средби. Предвидена е презентација за законските измени за легализација на регистрација на трактори, како и за адаптација на земјоделството кон климатските промени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...