Пристапните преговори може да почнат и без решен спор за името

Македонија следната година може да ги започне преговорите за присоединување кон Европската унија и без да биде решен долгогодишниот спор за името со соседна Грција, смета еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

- Од Скопје и Атина доаѓаат позитивни сигнали кои покажуваат дека решавањето на спорот за името може да следи по започнувањето на пристапните преговори, а не да биде предуслов за нивно започнување, рече денеска Филе во интервју за агенцијата Ројтерс, јави Миа.

Според еврокомесарот, бесконечното држење на Македонија во чекалната на ЕУ создава ризик од појавување на меѓуетнички тензии.

- Цврсто веруваме дека во раната фаза на преговорите може да се создаде неопходниот импулс не само за разговори за проблемот за името, туку и за негово конечно решавање, рече Филе.

Европската комисија, додаде, сосема јасно кажува дека доколку решавањето на проблемот за името не се случи во раната фаза од преговорите може да доведе до забавување на преговорите за членство во Унијата и во краен случај и до прекинување на процесот на преговори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...