Македонија по десетти пат ќе се разеленува

Скопје, 21 ноември 2012 (МИА) - Под мотото „Спортски е да се сади“ денеска ќе се одржи 10. јубилејна акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.

Во ноемвриската акција предвидено е да бидат засадени 3.200.000 садници на површина од 803 хектари. Од предвиденото, 574 хектари ќе бидат нови површини, 131 хектар се површини кои ќе се коригираат, а 98 хектари опожарена површина.

Уште околу два милиона садници ќе бидат засадени од АД Македонски шуми до крајот на годината, со што вкупниот број на дрвца со кои ќе биде пошумена Македонија ќе достигне 5.200.000.

Ќе се пошумува на повеќе локации, односно на сите површини на кои се садеше во изминатите пет години, Ајватовски Рид, Водно, Мршевци..., а најзастапени ќе бидат автохтоните сорти на дрвца, чемпрес, црн и бел бор...

Заради поголема излезеност во акцијата, Владата донесе одлука денешниот ден да биде неработен за граѓаните на Република Македонија. 

Традиционално и оваа година дрвца ќе садат и претставници на дипломатскиот кор, армијата, министри, ученици, познати спортисти...

Според показателите од Инспекторатот за шумарство во 2008 година засадени биле 5.300.000 дрвца, а успешноста била 57,50 отсто, во 2009 година 7,5 милиони со успешност од 68,84 проценти. Во 2010 се засадени 7.645.000, а успешноста била 57,73 отсто. Во 2011 година пошумувањето било направено со 3.400.000, а до ноември годинава, пак, со речиси два милиона садници.

Вкупно од 2008 до 2011 година се пошумени 12.200 хектари со 30.400.000 садници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...