Нимиц доаѓа во Атина, а потоа и во Скопје

Атина/Скопје, 8 jaнуари 2013 (МИА) - Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц денеска доаѓа во посета на Грција, a потоа и на Македонија. Иако нема официјална најава, Атина и Скопје очекуваат тој да донесе нови идеи за надминување на долгогодишниот спор.

Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос во пресрет на посетата на Нимиц изјави дека Грција сака решение кое ќе ги задоволи основните национални позиции, со почитување на историјата и културата на сите и кое ќе ја зајакне регионалната стабилност и безбедност,

- Турнејата на Нимиц е развој каков што сакаме затоа што може да создаде услови  за напредок во однос на прашањето за името. Тоа е резултат на нашата иницијатива за потпишување на меморандумот меѓу двете земји, во кој се поставува рамката за решение, рече Аврамопулос. Тој потсети дека во заклучоците на Советот на министрите од декември се вели дека за да се почнат пристапните преговори треба прво да се решат сите отворени прашања за добрососедските односи, а „во случајот на Скопје е изнаоѓање на решение за прашањето за името“.

Во меѓувреме, медиумите во Грција шпекулираат со конкретни предлози кои според нив, Нимиц ќе им ги презентира на грчките и на македонските власти.

„Катимерини“ објави дека Нимиц доаѓа со нов предлог за името. Според весникот, новата иницијатива на Нимиц е резултат на контактите кои ги имал со претставниците на двете земји, амбасадорите Јолевски и Василакис во Њујорк, при што е создадена атмосфера во која, според извори во ОН, двете страни сериозно му пристапиле на прашањето што се покажува и со фактот дека ниту една од двете влади не ги откри последните идеи на медијаторот. Со оглед на барањето на Атина за сложено име со географска одредница, во овој дух се движеше и последниот предлог на Нимиц кој беше „Република Северна Македонија“, а потоа размислуваше и за „Република Вардарска“. Повикувајќи се на извори во Обединетите нации, весникот пишува дека „понекогаш се навраќа на некои идеи кои претходно биле предложени и кои тогаш не биле прифатливи за двете страни, но денес можеби се“.

И грчкиот информативен портал „Капитал“ претходно објави дека медијаторот Нимиц најверојатно на маса ќе ја стави најстарата идеја за решавање на прашањето за името-„Република Северна Македонија“. Според порталот, Нимиц наместо да предлага стара идеја, требало да го „оживее“ процесот на разговори што веќе беше постигнато до некоја мера за време на неговите последни состаноци со претставниците на двете страни.

Весникот „Етнос“, пак, објави оти предлогот со кој ќе дојде Нимиц во регионот би вклучувал географска одредница, без да се знае дали тоа ќе биде префикс на „Македонија“ или на „Република“, а нема воопшто да задира во прашањата за идентитетот и јазикот. Како противтежа на тоа, велат, предлогот ќе го покрие опсегот на употреба. Весникот коментира и дека овој пат процесот на преговори ќе биде запишан и во извештајот на комесарот за проширување Штефан Филе, кој вели, е пријателски ориентиран кон Скопје.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов пред новогодишните празници изјави дека очекува посредникот на ОН да презентира нови иницијативи и идеи за решавање на прашањето за името.

- Се надеваме дека ќе има нови иницијативи и нови идеи за кои ќе треба да разговараме. По посетата на генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун во Македонија, состојбите се менуваат. Се чувствува негов личен ангажман и настојување Нимиц да биде поактивен за да може процесот да се одвива и да не стои во место, изјави претседателот Иванов.

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, пак, не сака да ги коментира очекувањата од посетата на Нимиц додека медијаторот не ги изнесе своите ставови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...