Груевски го покани Црвенковски на средба

Скопје, 21 јануари 2012 (МИА) - Премиерот и претседател на ВМРО–ДПМНЕ Никола Груевски денеска го поканил претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на средба на која ќе се разговара за актуелните политички состојби во земјава.

Според предлогот на премиерот Груевски, како што објавуваат „Дневник“ и „Курир“, средбата би се одржала утре во клубот на пратениците во Скопје со почеток во 13:30 часот. На средбата би се разговарало за изнаоѓање решенија за политичката криза и за учество на Социјалдемократскиот сојуз на претстојните избори.

Во поканата која Груевски ја испратил до Црвенковски пишува дека средбата е во контекст на предизвиците кои се поставени пред државата, а кои бараат одговорно и сериозно поставување, и внимание и заштита на државните интереси, како и на интересите на сите граѓани на Република Македонија

- Република Македонија во рамките на својот државно правен развој се соочувала со предизвици од различен карактер, кои со мудро и одговорно однесување успевала да ги надмине и да извлече позитивни пораки, а притоа и да стане посилна, истакнува Груевски во поканата. 

За­се­га не­ма пот­вр­да од СДСМ да­ли ја до­би­ле по­ка­на и ка­ко ќе од­го­во­рат. Потпретседателот на партијата Гордан Георгиев на вчерашната прес-конференција изјави дека СДСМ би учествувал на евентуална лидерска средба, но оти таа би требало да биде инициран од власта.

Премиерот Никола Груевски вчера нај­а­ви дека би можел да свика лидерска средба како излезно решение за кри­зата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...