Црвенковски ја прифати поканата на Груевски за средба

Скопје, 21 јануари 2012 (МИА) - Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ја прифати поканата за средба што денеска му ја упати премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

- Искрено се надевам дека освен вашата покана за средба кај Вас навистина постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдиме и реализираме сите предуслови за одржување слободни и фер избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и создавање нов и неспорен кредибилитет на државните институции, кои единствено можат да го овозможат  граѓаните на Република Македонија. Оттаму свесни за длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата а по немилите настани кои се случија пред и на 24 декември, заради создавање на амбиент за успешни ЕУ и НАТО интеграции на земјата ја прифаќам вашата покана, вели Црвенковски во одговорот на Груевски.

Македонија, додава лидерот на СДСМ, на патот за остварување на своите стратешки цели во ниту еден момент како држава не смее да ги поставува под знак прашање основните цивилизациски достигнувања и демократски развој, кои претставуваат столб за секоја модерна и интегрирана држава.

- За жал денес во нашето општество се уште се отворени дилемите за начинот на кој се остваруваат основните човекови слободи и права, практицирањето на демократијата, владеењето на правото како темелна вредност, економскиот развој, животниот стандард како и меѓународните позиции на Република Македонија, истакнува Црвенковски. Додава дека СДСМ во изминатиот период во неколку наврати потенцирал, особено заради новонастанатата ситуација, дека е неопходно да се направат напори за излез од истата преку постигнување политички договор кој ќе ја врати Македонија на вистинската насока.

Премиерот и претседател на ВМРО–ДПМНЕ Никола Груевски по вчерашната најава за можна лидерска средба, денеска го покани претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски да се сретнат и да разговараат за актуелните политички состојби во земјава.

Според предлогот на премиерот Груевски, средбата би се одржала утре во клубот на пратениците во Скопје со почеток во 13:30 часот. На средбата би се разговарало за изнаоѓање решенија за политичката криза и за учество на СДСМ на претстојните избори.

Во поканата која Груевски ја испратил до Црвенковски пишува дека средбата е во контекст на предизвиците кои се поставени пред државата, а кои бараат одговорно и сериозно поставување, и внимание и заштита на државните интереси, како и на интересите на сите граѓани на Република Македонија

- Република Македонија во рамките на својот државно правен развој се соочувала со предизвици од различен карактер, кои со мудро и одговорно однесување успевала да ги надмине и да извлече позитивни пораки, а притоа и да стане посилна, истакнува Груевски во поканата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...