Почна средбата Груевски - Црвенковски

Скопје, 21 јануари 2012 (МИА) - Во Клубот на пратениците попладнево почна средбата на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, на која ќе се обидат да изнајдат решенија за политичката криза и за учество на опозицијата на претстојните избори.

На средбата присуствуваат и Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на премиерот Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров и пратеникот Јани Макрадули.

Средбата се одржува на иницијатива на премиерот Груевски, кој вчера упати покана до Црвенковски.

Во поканата истакнува дека Република Македонија во рамките на својот државно правен развој се соочувала со предизвици од различен карактер, кои со мудро и одговорно однесување успевала да ги надмине и да извлече позитивни пораки, а притоа и да стане посилна.

- Во контекст на предизвиците кои се поставени пред нас, а кои бараат наше одговорно и сериозно поставување, како и внимание и заштита на државните интереси, како и интересите на сите граѓани на Република Македонија, би сакал да ја истакнам потребата од остварување на заедничка средба на која би се дискутирале прашањата од интерес и потреба, вели премиерот Груевски во поканата до Црвенковски.

На средбата, најавува тој, би можело да стане збор околу видувањата за изборите, за согласно принципите и уверувањата, како и утврдените демократски стандарди да изнајдеме решенија за учество на Социјалдемократскиот сојуз на претстојните избори.

Македонија, подвлекува Груевски, спроведува реформи и проекти и мерки на сите полиња, а се наоѓа и во еден динамичен и интензивен евроинтеграциски процес, и како политички лидери треба да го вложиме својот авторитет за да овозможиме негова поддршка и развој на нашата земја, и ние тоа им го должиме на граѓаните.

Лидерот на СДСМ Црвенковски прифаќајќи ја поканата за средба изрази надеж дека кај премиерот Груевски постои искрена политичка волја заеднички да се утврдат и реализираат сите предуслови за одржување слободни и фер избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и создавање нов и неспорен кредибилитет на државните институции, кои единствено можат да го овозможат  граѓаните на Република Македонија.

- Оттаму свесни за длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата по немилите настани кои се случија пред и на 24 декември, заради создавање на амбиент за успешни ЕУ и НАТО интеграции на земјата ја прифаќам вашата покана, вели Црвенковски во одговорот на Груевски.

Македонија, додава лидерот на СДСМ, на патот за остварување на своите стратешки цели во ниту еден момент како држава не смее да ги поставува под знак прашање основните цивилизациски достигнувања и демократски развој, кои претставуваат столб за секоја модерна и интегрирана држава.

Политичката криза настана по инцидентите во Собранието на 24 декември при донесувањето буџетот. Оттогаш опозициската СДСМ го бојкотира Парламентот, организира улични протести и го условува учеството на претстојните локални избори со истовремено одржување и на парламентарни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...