Одложување на локалните избори за еден месец

Скопје, 15 февруари 2013 (МИА) - Со цел да се овозможи учество на опозицијата и измени на Изборниот закон согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, локалните избори да се одложат за еден месец и да се одржат на 28 април. Ако на тие локални избори советничките листи на здружената опозиција „Сојуз на иднината“ освои барем еден глас повеќе од листите на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ да има предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 29 септември.

Ова, како што објави денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски, се последните предлози на опозицијата за надминување на политичката криза во Република Македонија.

Како што нагласи Црвенковски, ако овие предлози не бидат прифатени, опозицијата ќе ги бојкотира локалните избори, а нивните пратеници ќе ги достават оставките во Собранието.

Доколку предлозите бидат прифатени опозицијата ќе се врати во Собранието.

Црвенковски повика предлозите сериозно да бидат разгледани.

- Ако овој план од две точки се прифати во тој случај пратениците од опозицијата ќе се вратат бидејќи меѓу другото е единствен начин да се одложат изборите во оваа фаза е со двотретинска одлука за која што е неопходно нашето присуство во Собранието, појасни Црвенковски.

На новинарско прашање дали ако не освојат барем еден глас повеќе на локалните избори на советничките листи ќе бараат предвремени парламентарни избори, Црвенковски потенцира дека во тој случај нема да бараат да се одржат предвремени парламентарни избори. Без разлика на резултатот од евентуалните локални избори, информира Црвенковски, тој нема да бара уште еден мандат за претседател на СДСМ.

Според претседателот на СДСМ, во изминатите 20 дена повеќе предлози дадени од повеќе страни со добра намера, наведе, „беа промптно одбивани од премиерот Груевски, некои веднаш на маса, а некои и само преку медиумите“.

Во врска со соопштението од ИК на ВМРО - ДПМНЕ, Црвенковски вели дека поаѓа од претпоставката дека се работи за многу сериозна ситуација и овој предлог сериозно ќе го разгледаат. Ако сепак, истакна, ставот биде таков како што е презентиран во соопштението, тогаш целокупната одговорност за продлабочување на кризата, за загрозување на националните и државни интереси, за загрозување на евроатлантските интеграции, ќе ја превземе ВМРО - ДПМНЕ.

Црвенковски изрази жалење затоа што еврокомесарот за проширување Штефан Филе поради настанатата ситуација ја откажал претходно планираната посета на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...