Само со фер и демократски избори до позитивен извештај од ЕК

Брисел, 21 март 2013 (МИА) - Директорот на Директоратот за проширување на ЕУ Стефано Санино и генералниот секретар на Европската служба за надворшени работи (ЕЕАС) Пјер Вимонт му порачале на вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими дека само со фер и демократски локални избори Македонија може да очекува Специјалниот пролетен извештај, што Комисијата ќе го објави на 16 април, да биде позитивен.

- Санино и Вимонт упатија јавен повик Република Македонија да покаже демократски капацитет со одржување на фер и демократски избори оти тоа ќе биде составен дел од извештајот на ЕК, а земјите-членки на Унијата со големо внимание ќе го проследат изборниот процес кај нас. Мошне јасна и прецизна порака ми беше успешно организирани локални избори ќе донесат позитивна слика за Република Македонија во Европската унија, изјави вицепремиерот Бесими во изјава за МИА.

Бесими доцна синоќа се сретна со Санино, а на почетокот на средбата случајно се појави и помошникот на заменик-државниот секретар на САД, Филип Рикер. Денеска, пак, заменик-претседателот на македонската Влада задолжен за евроинтеграции се сретна со првиот оперативец на европската дипломатска служба.

Две главни пораки кои министерот Бесими ги доби на овие средби се одржување на фер и демократски избори во недела и одржување на високо ниво на меѓуетнички дијалог и толеранција.

- Оваа дводневна посета на Брисел главно се однесува на подготовките за пролетниот извештај на Европската комисија за Република Македонија. Синоќешната средба со Санино беше посветена на приоритетите од Пристапниот дијалот на високо ниво (ХЛАД) со Комисијата. Тука станува збор за областите како слободата на информирањето, односно слобода на медиумите, изборните реформи, реформите во владеењето на правото, јавната администрација, меѓуетничките односи и реформите во функционалноста на економијата. Јас го информирав што се превзема нашата земја во овој период, а со цел сите овие активности да завземат место во Специјалниот извештај на ЕК и да се зголеми бројот на позитивни аргументи и истиот извештај целосно за биде позитивен. Со Санино се договаравме и за средбата во рамки на ХЛАД-от што на 9 април ќе се случи во Скопје со претставниците на Комисијата во финалната подготовка на извештајот за Република Македонија, информира Бесими.

Според заменик-претседателот на Владата, тема на разговор со неговите соговорници се и добрососедските односи и напредокот во однос на прашањето за името, оти овие теми ќе завземат главно место во претстојниот извештај на Комисијата. - Она што ми беше посочено од моите соговорници е значајноста што се надмина политичката криза во Македонија, каде нашата држава покажа капацитет дека демократските институции максимално функционираат. Останува предизвикот за подобрување на меѓуетничките односи, вели Бесими.

На прашањето дали ако изборите минат во најдобар ред можеме да очекуваме со сигурност позитивен извештај и нова, петта по ред препорака од Европската комисија за почеток на пристапните преговори со ЕУ, македонскиот вицепремиер задолжен за евроинтеграциите не сака да дава прогноза.

- Пролетниот извештај очекуваме да ја покаже реалната слика за тоа што се сме направиле во досегашниот период. Сигурно е дека тоа што го правиме се цени позитивно од страна на Комисијата и ние само очекуваме извештајот тоа да го рефлектира. Најважно е до јуни ние да ги исполниме сите приоритети што се дефинирани во ХЛАД-от, но и барањата од заклучоците на декемврискиот Самит на Европскиот совет во однос на давање конкретни резултати во преговорите за решавањето на спорот со името со цел Република Македонија на Самитот на ЕС во јуни да добие јасна препорака кога че започне со преговорите за членство во ЕУ, потенцира Бесими.

Со цел промоција на македонските постигнувања во евроинтеграциите и обезбедување на поддршка во овој процес од страна на земјите-членки на ЕУ, заменик-претседателот на Владата попладнево во Мисијата на Република Македонија при Унијата ќе одржи средба со дипломатите на земјите-члени во рамки на КОВЕБ-групата при Советот, но и билатерални средби со официјални лица од влијателните бриселски тинк-тенк групи.

- Има уште многу работа што ние како држава треба да завршиме во овој период и ние како Влада сме посветени на сите приоритети и активности што се очекуваат од нас. Затоа, многу важно е Македонија да покаже напредок во сите приоритетни обласи од Пристапниот дијалог на високо ниво, вели за крај вицепремиерот Бесими кој по завршувањето на работните обврски, вечерва се враќа во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...