Жртвата за Македонија нема цена

Скопје, 11 април 2013 (МИА) -  Вашата поддршка иако бев далеку многу  ми значеше. Вашата поддршка ми беше се. Се докажало на времето и се докажува и денеска дека жртвата за Македонија нема цена. Како што ќе рече Гоце Делчев за делото нема почеток и нема крај. Немам зборови да го искажам тоа што го чувствувам денеска.

Со овие зборови на насобраните граѓани на скопскиот аеродром „Александар Велики“ им се обрати Јохан Тарчуловски веднаш по враќањето во Македонија, по осум години поминати во затвор.

- Во моите први зборови на ова свето македонско тло сакам да изразам голема, голема благодарност до сите македонски бранители, сите они кои се со нас сега и сите оние кои ги дадоа животите за Македонија. Нивното дело треба да се почитува и да се цени. Помина долго време, ми недостасувавте, ми недостасуваше Македонија. Им благодарам на сите. Да живее Македонија, рече Тарчуловски.

Јохан кој со владиниот авион околу 15 часот пристигна на скопскиот аердором, на пистата беше пречекан од неговите деца и премиерот Никола Груевски.

На аеродромот се членови на неговото семејство, пријатели и поддржувачи, владини министри, пратеници, како и голем број граѓани кои дојдоа лично да го поздрават и да му посакаат добредојде.

Здружението за поддршка на Јохан обезбеди 50 автобуси кои бесплатно сообраќаат до скопскиот аеродром „Александар Велики“ и потоа до плоштадот „Македонија“, како и 200 автобуси за оние граѓани од внатрешноста на државата кои сакаа да дојдат и да го пречекаат Тарчуловски.

По пречекот на скопскиот аеродром, предвидено е Јохан околу 15:45 часот да има средба со премиерот Никола Груевски и да положи цвеќе пред Споменикот на бранителите кој се наоѓа во близина на Порта Македонија.

На плоштадот „Македонија“ во 16:30 часот ќе биде организирана и прослава во чест на враќањето на Тарчуловски на која ќе настапат познати пејачи од македонската забавна и фолк естрада.

Јохан Тарчуловски вчера беше ослободен од германскиот затвор во Диц откако издржа две третини од 12-годишната затворската казна што му ја изрече Хашкиот трибуналот за воени злосторства за случувањата во скопското село Љуботен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...