Македонска културна недела во францускиот град Епинал

Епинал, 15 април 2013 (МИА) - Во францускиот град Епинал (Источна Франција) денеска почнува „Македонската културна недела“, која се одржува од 15 до 21 овој месец во Домот на младите и културата Сант-Лоран, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Манифестацијата ќе биде отворена вечерва со изложба фотографии посветена на Македонија, во присуство на Петар Поп-Арсов, амбасадор на Република Македонија при Постојаната мисија на Република Македонија во Советот на Европа во Стразбур.

„Македонската културна недела“ се одржува во рамки на годинашната манифестација „Европска недела“ која вообичаено е посветена на земји членки на Европската унија. Во Епинал, кој е збратимен град со Битола од 1968 година одлучија оваа недела да и биде посветена на Македонија.

Во рамките на манифестацијата предвидено е претставување на културно-историското наследство на Македонија, јазикот, музиката, филмот, фолклорот и македонската гастрономија.

Реализацијата на манифестација ја поддржаа Постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа, Општина Битола, Филмскиот фонд на Македонија, Агенцијата за туризам на Република Македонија и општината на градот Епинал. Во реализиацијата се вклучи и малиот број македонци кои живеат во Епинал и неговите соседни градови, кои се конкретни носители на бројните активности кои ќе им дозволат на жителите на Епинал да се запознаат повеќе со Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...